Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»БРИКС повика на воздржаност и дипломатско решение за војната на Блискиот Исток
    Свет

    БРИКС повика на воздржаност и дипломатско решение за војната на Блискиот Исток

    12/09/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Земјите членки на БРИКС едногласно усвоија заедничка декларација во која изразуваат „длабока загриженост“ поради ескалацијата на војната на Блискиот Исток и повикуваат на максимална воздржаност.
    Декларацијата беше усвоена на првиот ден од самитот на лидерите на БРИКС во Њу Делхи, во период кога САД и Иран повторно разменуваат напади по затишјето во поголемиот дел од август. Членките повикаа да се избегнуваат сите потези кои би можеле дополнително да ја влошат ситуацијата и да предизвикаат нова ескалација.

    Во документот се нагласува определбата меѓународните спорови да се решаваат по мирен пат, преку дијалог, консултации и дипломатија. БРИКС се заложи и за мултилатерален пристап во решавањето на кризите, со почитување на националните позиции на земјите членки.
    Постигнувањето консензус се сметаше за особено сложено бидејќи во БРИКС членува Иран, но и Обединетите Арапски Емирати, кои имаат блиски односи со Вашингтон.
    Членките изразија загриженост и поради зголемувањето на едностраните царински и нецарински мерки кои, според нив, ја нарушуваат меѓународната трговија.

    Овој дел од декларацијата доаѓа во услови на американски санкции против Техеран поради конфликтот со САД и против Москва поради војната во Украина. БРИКС денес ги обединува Бразил, Русија, Индија, Кина, Јужноафриканската Република, Египет, Етиопија, Индонезија, Иран и Обединетите Арапски Емирати.

    Со декларацијата од Њу Делхи, земјите членки се обидуваат да демонстрираат заедничка позиција за дипломатско решавање на меѓународните конфликти и покрај различните надворешнополитички интереси во рамките на блокот.

    Поврзани вести:

    Силна експлозија и пожар во складиште за оружје во Бугарија

    Силна експлозија и пожар во складиште за оружје во Бугарија

    Воз излета од шините во Франција, најмалку 44 лица се повредени

    Воз излета од шините во Франција, најмалку 44 лица се повредени

    Путин: Резултатите на АфД се последица на системските грешки на западните елити

    Путин: Резултатите на АфД се последица на системските грешки на западните елити

    ЦИА три години пред нападите Кулите близначки предупредувала за можен терористички напад

    ЦИА три години пред нападите Кулите близначки предупредувала за можен терористички напад

    Бројот на загинати во запалениот траект на Филипините се зголеми на 35

    Бројот на загинати во запалениот траект на Филипините се зголеми на 35

    Петмина загинати и 67 повредени во руски напад врз трговски центар во Украина

    Петмина загинати и 67 повредени во руски напад врз трговски центар во Украина

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    брикс
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Силна експлозија и пожар во складиште за оружје во Бугарија

    12/09/2026

    Воз излета од шините во Франција, најмалку 44 лица се повредени

    12/09/2026

    Путин: Резултатите на АфД се последица на системските грешки на западните елити

    12/09/2026


    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.