Поранешниот вицепремиер Артан Груби од денеска повеќе нема да биде во куќен притвор и ќе продолжи да се брани од слобода во предметот „Државна лотарија“. Мерката куќен притвор му истекува по сила на закон, откако е достигнат максимално дозволениот рок од 60 дена за оваа фаза од постапката, согласно Законот за кривична постапка. Иако Груби веќе нема да има ограничување на движењето во својот дом, тој и понатаму останува без патна исправа. Неговата одбрана веќе поднела барање за враќање на пасошот, нудејќи недвижен имот во вредност од 335.707 евра како гаранција дека ќе биде достапен пред надлежните институции. За ова…
Автор: K.
Триесет и шестгодишен жител на Велес бил приведен откако се обидел да избега од полициски службеници при контрола на такси-возило во градот. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот се случил на 11 октомври околу 22:35 часот на улицата „Благој Ѓорев“ во Велес. При обид да му биде извршен преглед, лицето почнало да бега, но полициските службеници набрзо успеале да го стигнат и да го сопрат. Во текот на обидот за бегство, велешанецот проголтал бела прашкаста материја, по што бил транспортиран во Општата болница во Велес за да му биде укажана медицинска помош. Откако му била пружена потребната здравствена…
Организаторите на „Платформата Разговори за иднината во 12:05“ побараа од Владата на премиерот Христијан Мицкоски и од ВМРО-ДПМНЕ да одговорат дали на средбата меѓу министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова-Чамова во Софија било разговарано за случајот со Ива Михајлова. Во реакцијата, тие изнесуваат тврдење дека треба да се утврди дали постои поврзаност меѓу средбата и заминувањето на Михајлова во Бугарија, која во Македонија е обвинета за сообраќајна несреќа со смртни последици. „Владата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е должна веднаш да одговори дали на средбата Муцунски-Чамова во Софија е договорено бегството на Ива…
СДСМ реагира на средбите на министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски во Софија, обвинувајќи дека јавноста треба да знае што точно било договорено и какви обврски презела македонската страна. Од партијата велат дека граѓаните внимателно ги следат чекорите на Владата и дека резултатите од разговорите со бугарската страна треба да бидат транспарентно објавени. „Народот гледа што Муцунски договори во Софија“, порачаа од СДСМ, посочувајќи дека секоја одлука поврзана со односите со Бугарија и европската интеграција мора да биде во интерес на државата. Реакцијата на СДСМ доаѓа по средбите на шефот на македонската дипломатија во Софија, каде меѓу темите беше и…
Делегација од Македонија, предводена од гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, и министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, ќе учествува на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Групацијата на Светската банка, кои оваа недела се одржуваат во Бангкок, Тајланд. Во составот на делегацијата на Народната банка се и вицегувернерката Ана Митреска и советничката на гувернерот Весна Стојчевска. За време на средбите, македонските претставници ќе остварат разговори со високи претставници на ММФ, Светската банка и други меѓународни финансиски институции, со цел унапредување на соработката и размена на искуства во повеќе економски области. Гувернерот Славески ќе има свое обраќање на…
Русија е подготвена да запре со нападите врз Украина на денот кога би се одржале избори, доколку властите во Киев навистина сакаат да организираат гласање, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Според него, рускиот претседател Владимир Путин би можел да издаде наредба за прекин на воените дејствија за време на изборниот ден, но Москва смета дека барањето на Киев за подолго примирје нема врска само со изборниот процес. „Ако навистина сакаат изборите да се одржат во Киев, претседателот на Руската Федерација и врховен командант е подготвен да нареди Украина да не биде нападната на денот на изборите“, изјави Песков. Тој…
Финска, која девет години по ред е на врвот на листите за најсреќна земја во светот, се соочува со сериозни економски предизвици што би можеле да ја променат сликата за нејзиниот модел на социјална држава. Во пресрет на парламентарните избори во април 2027 година, една од главните теми во земјата ќе биде како да се намали притисокот врз јавните финансии и кои сектори ќе бидат најмногу погодени од најавените мерки за штедење. Јавниот долг на Финска во вториот квартал од 2026 година достигнал 90,3 отсто од бруто-домашниот производ, што претставува значително зголемување во споредба со периодот пред пандемијата, кога изнесувал…
Земјотрес со јачина од 6,1 степен според Рихтеровата скала го погоди јужниот дел на Панама, соопштија сеизмолошките служби. Епицентарот на потресот бил регистриран во областа на Тихиот Океан, јужно од панамскиот брег, а засега нема информации за евентуални жртви или поголема материјална штета. Земјотресот бил почувствуван во повеќе делови од земјата, вклучително и во главниот град Панама Сити, каде дел од граѓаните пријавиле краткотрајно тресење на објекти. Надлежните институции продолжуваат со проверка на состојбата на терен, а засега не е издадено предупредување за цунами. Панама се наоѓа во регион со зголемена сеизмичка активност, поради што земјотресите се релативно честа појава…
Дел од жителите на населбата Крњево денеска ќе останат без вода поради изведба на водоводен приклучок, информираат надлежните служби. Прекинот во водоснабдувањето ќе започне од 9:00 часот и ќе ги опфати корисниците на улицата „Хусеин Бајрам“, како и улиците со броеви од 163 до 172 во населбата Крњево. Причина за прекинот е изведба на водоводен приклучок со пречник Ф150 на улицата „Дана Стуцки“ бр. 18. Од надлежните посочуваат дека водоснабдувањето ќе биде нормализирано веднаш по завршувањето на работните активности, а граѓаните се повикуваат на трпение и разбирање додека трае интервенцијата.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека верува оти рускиот претседател Владимир Путин покажува поголема подготвеност за мировен договор отколку украинскиот претседател Володимир Зеленски, додека истовремено одби директно да ја обвини Москва за прекршување на прекинот на огнот. Одговарајќи на новинарско прашање за руските напади врз украинската енергетска инфраструктура, и покрај најавениот прекин на огнот, Трамп рече дека ќе ги разгледа информациите, додавајќи дека прекршувања имало „од двете страни“. „Ќе треба да го разгледам тоа и да видам, бидејќи имаше прекршувања од двете страни“, изјави Трамп. Запрашан како планира да го убеди Путин да го почитува договорот, американскиот претседател посочи дека,…