Министерството за правда изрази загриженост поради случајот со Ива Михајлова и нејзиниот прием на високо ниво во Софија, додека, како што наведува, против неа е во сила судска забрана. Во реакцијата, Министерството потенцира дека владеењето на правото подразбира еднаквост пред законот, почитување на судските одлуки и доследна примена на правните процедури, без исклучоци. „Националната припадност и државјанството не смеат да бидат основа за привилегиран третман или различна примена на законот. Како соседни држави посветени на европската перспектива, имаме обврска односите да ги градиме врз заемна доверба, почитување и ефикасна правна соработка. Тоа подразбира и доследно почитување на правните обврски и…
Автор: K.
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и за време на празничниот ден испрати порака дека активностите за реализација на нови проекти продолжуваат без прекин. На својот профил на Фејсбук, Ѓорѓиевски објави фотографија со премиерот Христијан Мицкоски, нагласувајќи дека секој ден претставува можност за нови инвестиции и подобрување на условите за живот на граѓаните. „Работно и за празник! Секој ден е можност да направиме повеќе за Скопје и Македонија. Со нови проекти, силна посветеност, поддршка и дела што носат подобар живот за граѓаните“, напиша Ѓорѓиевски. Во својата објава тој истакна дека довербата што ја добиле од граѓаните претставува обврска за уште поголема…
Македонија официјално го започна проектот за изградба на новата автопатска делница Букојчани – Кичево, со која треба да се заокружи автопатското поврзување на западниот дел од државата и да се даде целосна функционалност на Коридорот 8. На поставувањето камен-темелник за новиот автопат, заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека станува збор за шестиот голем инфраструктурен проект што го започнува актуелната Влада, оценувајќи дека оваа делница има стратешко значење за транспортното поврзување на земјата. „Поврзувањето од Кичево до Букојчани со автопатско решение ќе даде целосна смисла на Коридорот 8, што ќе значи целосна доизградба на коридорот и…
Башкими приреди големо изненадување во деветтото коло од Првата македонска фудбалска лига, откако на домашен терен во Куманово со пресврт ја совлада Струга Трим Лум со 2-1 и освои три исклучително важни бода. Поразот е тежок удар за стружани, кои со евентуален триумф ќе се израмнеа со лидерот Шкендија на табелата. Наместо тоа, Струга ТЛ останува на втората позиција со 17 бодови, колку што има и Вардар. Домаќините подобро го отворија натпреварот и први се заканија преку Никел Ор, чиј удар од дваесетина метри во 17. минута го одбрани Васко Василев. Само две минути подоцна, голманот на Струга повторно беше…
Црна Гора денеска ќе направи нов значаен чекор на патот кон членство во Европската Унија, откако на Меѓувладината конференција во Луксембург се очекува да затвори три преговарачки поглавја, наместо претходно најавените две. Веста ја соопшти вицепремиерот за надворешни и европски прашања, Филип Ивановиќ, кој истакна дека покрај Поглавјето 18 (Статистика) и Поглавјето 19 (Социјална политика и вработување), постои можност да биде затворено и Поглавјето 17, кое се однесува на економската и монетарната политика. „Одлични вести за европската интеграција на Црна Гора – наместо најавените две, денеска на Меѓувладината конференција ќе бидат затворени три поглавја. Владата продолжува одговорно и посветено да…
Бугарската претседателка Илијана Јотова изјави дека дури утрово дознала оти Ива Михајлова се наоѓа во Бугарија, додавајќи дека засега нема информации под кои околности обвинетата во Македонија ја напуштила земјата. „Разбрав дека таа веќе е во Бугарија откако излегов од телевизиско студио на БТВ. Претпоставувам дека сега ќе биде прегледана во ‘Пирогов’. Ќе почекаме да видиме каков ќе биде заклучокот на бугарските специјалисти. За жал, во овој момент не можам да дадам повеќе информации“, изјави Јотова. Одговарајќи на прашањето дали знае како Михајлова успеала да ја напушти Македонија, особено по информациите од македонското МВР дека во системот за гранична контрола…
Министерството за внатрешни работи соопшти дека во системот за гранична контрола нема евиденција дека Ива Михаилова ја напуштила државата, иако претходно денеска таа изјави дека легално преминала во Бугарија. „Во однос на лицето за кое прашувате, ве известуваме дека се извршени проверки во системот за гранична контрола на Министерството за внатрешни работи, при што е утврдено дека за наведеното лице нема евидентиран излез од територијата на Македонија“, соопштија од МВР. По пристигнувањето во Бугарија, Михаилова во изјава за локални медиуми тврдеше дека нема ништо спорно во нејзиното заминување и дека македонско-бугарската граница ја преминала со лични документи. На прашањето како…
Жителите на селата Студена Бара и Пчиња утринава ја прекинаа блокадата на депонијата „Краста“, откако пожарот беше целосно изгаснат, а отпадот затрупан со земја. Од Месната заедница Пчиња информираат дека одлуката е донесена по средбата со Кризниот штаб, на која биле договорени натамошните чекори за санација на депонијата и спречување на нови пожари. Претседателот на Месната заедница Пчиња, Александар Илиевски, изјави дека главната цел е постигната, но дека остануваат да инсистираат на исполнување и на останатите барања. „Ја прекинавме блокадата во договор со жителите. Пожарот и тлеењето на сметот се изгаснати со помош на приватни компании. Сега очекуваме отпадот да…
Системот „Безбеден град“ од денеска започнува со работа и на подрачјето на СВР Охрид, што значи дека камерите ќе регистрираат сообраќајни прекршоци во Охрид, Струга, Кичево и Дебар. Само неколку недели претходно системот беше активиран и на подрачјето на СВР Велес, каде што за период од 12 септември до 5 октомври биле евидентирани 1.518 сообраќајни прекршоци. Од СВР Велес информираат дека во просек биле регистрирани по околу 63 прекршоци дневно, во градовите Велес, Кавадарци, Неготино и Демир Капија, како и на дел од автопатската делница од Велес до Демир Капија. Најчеста причина за санкции било непочитувањето на ограничувањето на брзината.…
Јеменските бунтовници Хути ја проширија офанзивата врз Саудиска Арабија, преземајќи одговорност за новите напади врз аеродромите во Ријад и Дамам, додека тензиите на Блискиот Исток дополнително се зголемуваат. Според саудиските власти, во неделата проектил го погодил Терминал 4 на аеродромот во Ријад, предизвикувајќи пожар. Во нападот загинало едно лице, а 11 други биле повредени. Со тоа бројот на жртви од нападите во изминатата седмица се искачи на 18. Во понеделникот наутро сирени за воздушна опасност се огласиле и во градот Абха, каде што саудиската противвоздушна одбрана пресретнала балистичка ракета насочена кон Хамис Мушаит. Военото крило на Хутите соопшти дека, покрај…