Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Нови правила за боледување од 1 декември: По пет дена ќе се бараат дополнителни прегледи, еве што се менува
    Република

    Нови правила за боледување од 1 декември: По пет дена ќе се бараат дополнителни прегледи, еве што се менува

    25/11/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Од 1 декември во Македонија започнува примената на нови правила за боледување, со кои периодот во кој матичниот лекар може да одобри отсуство без дополнителни дијагностички критериуми се намалува од седум на пет дена. Ова не значи дека работниците ќе мора да се вратат на
    работа по петтиот ден, бидејќи матичните лекари и понатаму ќе имаат право да одобруваат боледување до 15 дена.

    За продолжување на отсуството по петтиот ден ќе бидат потребни дополнителни медицински испитувања, лабораториски анализи или специјалистички преглед, зависно од дијагнозата и здравствената состојба на пациентот. Доколку боледувањето треба да трае подолго од 15 дена,
    одлуката ќе ја носи надлежната лекарска комисија на Фондот за здравствено осигурување, врз основа на доставената медицинска документација.

    За боледувања подолги од 60 дена, по правило, ќе биде потребно конзилијарно мислење од тројца специјалисти, со предвидени исклучоци за пациенти со одредени тешки заболувања. Новиот правилник овозможува и отворање боледување без лично присуство за тешко болни, неподвижни и хоспитализирани пациенти, како и користење претходни медицински наоди кај хронично болните.

    Дополнителна новина е електронското доставување на предлозите за продолжување на боледувањето по 15-тиот ден, со што треба да се намалат административните процедури и непотребното одење од една до друга здравствена институција. Од Фондот нагласуваат дека измените не го скратуваат правото на боледување, туку воведуваат појасни медицински критериуми за негово одобрување и продолжување.

    Поврзани вести:

    Студено утро и променливо облачно време, кон крајот на денот пристигнува дожд

    Студено утро и променливо облачно време, кон крајот на денот пристигнува дожд

    Големи промени во Итната медицинска помош: Нови возила, диспечерски центар и единствени правила

    Големи промени во Итната медицинска помош: Нови возила, диспечерски центар и единствени правила

    Јаневска: Според пресметките, студентскиот оброк треба да биде 156 денари

    Јаневска: Според пресметките, студентскиот оброк треба да биде 156 денари

    Тошковски на средба со новата британска амбасадорка, во фокусот безбедносната соработка

    Тошковски на средба со новата британска амбасадорка, во фокусот безбедносната соработка

    Засилени инспекциски контроли за „Black Friday“, за заштита на потрошувачите од лажни попусти

    Засилени инспекциски контроли за „Black Friday“, за заштита на потрошувачите од лажни попусти

    Али Ахмети со отворено писмо до Шасивари да не се ограничуваат јазичните права на Албанците

    Али Ахмети со отворено писмо до Шасивари да не се ограничуваат јазичните права на Албанците

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Студено утро и променливо облачно време, кон крајот на денот пристигнува дожд

    25/11/2026

    Големи промени во Итната медицинска помош: Нови возила, диспечерски центар и единствени правила

    24/11/2026

    Јаневска: Според пресметките, студентскиот оброк треба да биде 156 денари

    24/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.