Според астролошките толкувања, Шкорпијата важи за еден од најинтензивните хороскопски знаци кога станува збор за љубовта и меѓучовечките односи. Токму поради силните емоции и потребата од целосна доверба, астролозите често ја поврзуваат со љубомората, особено кога ќе почувствува дека нејзината врска или блискост со саканата личност е доведена во прашање. Шкорпиите ретко влегуваат површно во љубовните односи. Кога ќе му го отворат срцето на некого, вложуваат многу емоции и очекуваат иста искреност и посветеност од другата страна. Поради тоа, секоја нејасна ситуација, двосмислена порака или сомнително однесување може да разбуди чувство на несигурност. Во астрологијата, довербата е една од најважните…
Автор: K.
Полските власти ја обвинија Русија дека стои зад пожарот што избувна на 23 септември во копнена станица на „Старлинк“ во местото Вола Кробовска, оценувајќи го инцидентот како дел од хибридната војна што Москва ја води против земјите кои ја поддржуваат Украина. Полскиот премиер Доналд Туск соопшти дека на 10 октомври, по барање на Полска, во Германија биле уапсени двајца турски државјани осомничени дека го подметнале пожарот. Во објава на платформата X, Туск го нарече нападот „уште еден чин на хибридно војување“, нагласувајќи дека истрагата продолжува. Координативниот министер за специјалните служби, Томаш Сјемонијак, изјави дека нема сомнеж оти зад саботажата стојат…
Пред самиот пладневен термин, аеродромот во Нирнберг целосно го запре авиосообраќајот поради вонредна ситуација поврзана со еден авион. Како резултат на тоа, сите полетувања и слетувања се суспендирани до понатамошно известување, а патниците се повикани да ги следат официјалните информации од аеродромските власти. Според официјалното соопштение на аеродромот, засега не се откриваат детали за инцидентот, но е најавено дека дополнителни информации ќе бидат објавени штом надлежните служби ја проценат состојбата. Германскиот весник „Билд“ објави дека, според првичните информации, полицијата претпоставува дека вонредната ситуација се однесува на еден од авионите, но причината сè уште не е официјално потврдена. Полициски портпарол не…
Министерството за внатрешни работи распиша централна и меѓународна потерница по 23-годишната Ива Михаилова од Кочани, постапувајќи по наредба на Основниот суд во Кочани. Според објавата на официјалната страница на МВР, потерницата е распишана во рамки на кривична постапка што се води против Михаилова, а се однесува на кривични дела предвидени во член 300 став 4, во врска со член 297 став 3 од Кривичниот законик. Со распишувањето на меѓународната потерница, надлежните институции ќе можат да ја побараат и преку меѓународните полициски механизми, со цел обезбедување на нејзино присуство во понатамошната постапка. Од Министерството за внатрешни работи засега не соопштуваат дополнителни…
Некои моменти во спортската историја остануваат засекогаш запишани. Таков е 13 октомври 1993 година, денот кога македонската фудбалска репрезентација го одигра својот прв официјален натпревар и ја започна приказната која трае до денес. На стадионот во Крањ, Македонија дебитираше против Словенија и оствари убедлива победа од 1:4, но резултатот беше само дел од историското значење на тој натпревар. На тој ден, македонските фудбалски навивачи за првпат имаа можност да ја бодрат својата репрезентација на меѓународна сцена. Тогашната селекција беше составена од големи имиња на македонскиот фудбал, предводена од капитенот Дарко Панчев – еден од најдобрите македонски фудбалери на сите времиња.…
Заменик-министерот за здравство Јовица Андовски соопшти дека поднел оставка од функцијата, наведувајќи дека причините за ваквата одлука се од лична природа. Информацијата ја објави преку својот профил на Фејсбук, каде им се заблагодари на премиерот, членовите на Владата, колегите и сите соработници за довербата и поддршката што ја имал во текот на мандатот. „Денеска ја поднесов мојата оставка од функцијата заменик-министер за здравство, од лични причини. Од срце му благодарам на претседателот на Владата за довербата, поддршката и можноста да бидам дел од Владата и да придонесувам во унапредувањето на здравствениот систем“, напиша Андовски. Тој упати посебна благодарност и до…
Бугарското Министерство за надворешни работи на Бугарија тврди дека не било однапред известено за потезите на Ива Михаилова, нејзиното семејство и нејзиниот адвокат кои резултираа со нејзино пристигнување во Бугарија, ниту пак учествуваше во нивното организирање. МНР соопшти дека нејзиниот адвокат стапил во контакт со нив непосредно пред да даде јавна изјава. Од таму додадваат дека Махаилова е примена на лекарски третман во болницата „Пирогов“ во Софија и дека МНР ќе продолжи да дава помош во врска со случајот во рамките на своите надлежности.
Царинските службеници на граничниот премин Табановце, на влез во државата, запленија хашиш, амфетамин, МДМА и тетрахидроканабинол, пронајдени кај германски државјанин кој патувал со својот сопружник и против него е поднесена кривична пријава, соопшти Царинската управа. Од таму додаваат дека случајот е документиран и со снимка од телесните камери, кои беа обезбедени како донација од Министерството за правда на САД. Цариниците во автомобилот на осомничениот пронашле супстанција во зеленикава боја спакувана во црна кесичка, жолта восочна супстанција спакувана во црни кутивчиња, дрога во форма на бомбони, како и дробилки и вага за прецизно мерење, а при личен претрес пронашле дополнителни количини…
Основното јавно обвинителство Кочани доставило предлог за определување притвор за Ива Михаилова, откако утринава било известено од Основниот суд Кочани дека обвинетата не е пронајдена на домашната адреса и не ја исполнила обврската за јавување во полиција. Оттаму посочуваат и дека судот има можност да постапува по службена должност, без да чека предлог од јавен обвинител. Во октомври 2025 година поради постапката за сообраќајката со смртни последици, на Ива Михаилова и биле одземени и македонскиот и бугарскиот пасош и ѝ биле изречени забрана за преминување на државната граница со лична карта, забрана за напуштање на Кочани и обврска за јавување…
Од денеска во 10 часот на патниот правец А1, на делницата меѓу Прилеп и Кавадарци, е воведен времен режим на сообраќај со наизменично пропуштање на возилата. Според информациите од Авто-мото сојузот на Македонија, ограничувањето се однесува на потегот меѓу селата Беловодица и Тројаци, каде што се изведуваат градежни активности на коловозот. Наизменичното пропуштање на возилата ќе остане во сила до целосното завршување на работите, а возачите кои се движат кон Пелагонија или Тиквешијата треба да бидат подготвени на можни краткотрајни застои и забавено движење. Од АМСМ информираат дека сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, главно по суви коловози,…