Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Скопје»Ѓорѓиевски: Скопјани конечно ќе ја добијат клучната сообраќајна врска кај Момин Поток
    Скопје

    Ѓорѓиевски: Скопјани конечно ќе ја добијат клучната сообраќајна врска кај Момин Поток

    25/11/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Изградбата на клучката „Момин Поток“ во Скопје влегува во завршна фаза, откако беа надминати проблемите со експропријацијата на земјиштето, кои подолг период ја забавуваа реализацијата на овој значаен инфраструктурен проект.

    Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека градежните активности се одвиваат со засилено темпо, а во моментов се работи на асфалтирање на коловозот и изградба на последниот од вкупно петте моста предвидени со проектот.

    „Веднаш штом ја презедов одговорноста за Скопје, ги завршивме експропријациите што ја кочеа изградбата на клучката „Момин Поток“. Оттогаш работиме со едно темпо и со една цел – скопјани конечно да ја добијат оваа клучна сообраќајна врска“, истакна Ѓорѓиевски.

    Според градоначалникот, значителен дел од градежните активности е веќе реализиран, а во наредниот период ќе се работи на преостанатите делови од сообраќајната инфраструктура.

    „На мостот што го изградивме веќе поставуваме асфалт, а го градиме и последниот од петте моста. Едната коловозна лента е веќе асфалтирана. Следуваат асфалтирањето на другата лента, завршниот слој асфалт и изградбата на уште еден кружен тек“, додаде градоначалникот.

    Со комплетирањето на клучката „Момин Поток“ се очекува да се подобри сообраќајната поврзаност во главниот град, да се намали оптоварувањето на постојните сообраќајници и да се овозможи побрзо и побезбедно движење на возилата.

    Станува збор за значаен инфраструктурен проект, чија реализација скопјани ја очекуваат подолг период, а со неговото завршување главниот град ќе добие нова и функционална сообраќајна врска.

    Поврзани вести:

    Дел од скопјани од 9 часот ќе останат без вода

    Дел од скопјани од 9 часот ќе останат без вода

    Делови од три скопски општини ќе останат без електрична енергија

    Делови од три скопски општини ќе останат без електрична енергија

    Општина Карпош организираше панел-дискусија за спречување на семејното и родово базираното насилство

    Општина Карпош организираше панел-дискусија за спречување на семејното и родово базираното насилство

    Ѓорѓиевски најавува силна динамика на реконструкцијата на паркот „Жена борец“, но рок за завршување нема

    Ѓорѓиевски најавува силна динамика на реконструкцијата на паркот „Жена борец“, но рок за завршување нема

    Општина Ѓорче Петров исплати по 3.000 денари за секое прваче 1.

    Општина Ѓорче Петров исплати по 3.000 денари за секое прваче 1.

    Во Општина Бутел засилени инспекциски контроли

    Во Општина Бутел засилени инспекциски контроли

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Дел од скопјани од 9 часот ќе останат без вода

    25/11/2026

    Делови од три скопски општини ќе останат без електрична енергија

    25/11/2026

    Општина Карпош организираше панел-дискусија за спречување на семејното и родово базираното насилство

    24/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.