Дел од жителите на три улици во Скопје денеска ќе останат без вода поради дефект на водоводната мрежа, информираат од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.
Станува збор за уличен дефект на водоводна цевка со пречник од 80 милиметри на улицата „Партениј Зографски“, кај број 85.
Поради дефектот, прекин во снабдувањето со вода ќе имаат дел од корисниците на улицата „Партениј Зографски“, како и делови од улиците „Ацо Караманов“ и „Периша Савелиќ“.
Од јавното претпријатие информираат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот, а ќе биде нормализирано по завршувањето на санацијата на дефектот.
Засега не е прецизирано колку време ќе траат интервенцијата и прекинот во водоснабдувањето.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
