Автор: K.

Бугарија побара техничка поддршка од Европската Унија и НАТО во истрагата за нападите со дронови врз два товарни брода во Црното Море, што се случија минатата недела. Во нападите едниот брод потона, додека вториот претрпе сериозни оштетувања. Бугарските власти засега не можат со сигурност да утврдат кој стои зад нападите. Премиерот Румен Радев изјави дека истрагата е во тек и дека сè уште нема конечен одговор дали дроновите биле лансирани од Русија или од Украина. Еден од нападнатите бродови, „Алфа Ватан“, кој пловел под знамето на Того, потонал само неколку минути по ударот. Според бугарските медиуми, на бродот се наоѓале…

Прочитај Повеќе

Денеска низ Македонија ќе преовладува претежно облачно и значително посвежо време, проследено со повремени локални врнежи од дожд, информираат метеоролозите. Најобилни врнежи се очекуваат во југоисточните делови од земјата, додека поради продорот на постудена воздушна маса од север, на некои од повисоките планини дождот ќе преминува во снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој особено ќе биде изразен долж Повардарието. Утринските температури ќе се движат од 7 до 13 степени, а дневните ќе достигнат од 10 до 16 степени. Во Скопје времето ќе биде облачно и постудено со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а…

Прочитај Повеќе

Поради планирани технички интервенции на електродистрибутивната мрежа, денеска делови од Скопје ќе бидат без електрична енергија, информираат од ЕВН Македонија. Според најавата, прекините ќе се реализираат во неколку временски интервали и ќе опфатат делови од општините Аеродром и Чучер Сандево. Од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе останат дел од корисниците на главната улица „Тодор Чангов“ број 28 и дел од улицата „Данка Фирфова“ во населбата Лисиче, во општина Аеродром. Во периодот од 09:30 до 13:00 часот прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе имаат дел од жителите на селото Глуво – Бразда, во општина Чучер Сандево. Од 10:00…

Прочитај Повеќе

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски направи уште еден голем чекор во својата кариера, откако со резултатите во квалификацискиот период обезбеди пласман на Светското првенство во атлетика што следната година ќе се одржи во Пекинг. Ивановски собра доволно бодови за да се најде меѓу најдобрите маратонци во светот и моментално е рангиран на 65. место во квалификациите, а на шампионатот во кинеската престолнина ќе настапат најдобрите 100 натпреварувачи во маратонската дисциплина. Неговиот тренер Игор Јакимовски преку социјалните мрежи објави дека успехот е резултат и на квалитетот на Скопскиот маратон, кој ги исполнува критериумите за меѓународно рангирање и овозможува резултатите од оваа трка…

Прочитај Повеќе

Во време кога многу парови веднаш по интимниот момент се враќаат кон телефоните, телевизорот или секојдневните обврски, еден стар, но важен дел од партнерската блискост сè повеќе исчезнува – разговорот во кревет. Овој момент на опуштен разговор пред или по сексуалниот однос не се однесува само на самото искуство, туку на емоционалното поврзување меѓу партнерите. Експертите за односи и сексуалност велат дека токму тогаш луѓето најчесто се најотворени и најранливи, што може значително да ја зајакне довербата во врската. Сексологот и едукатор за сексуалност Лилит Фокс објаснува дека многу парови денес веднаш се враќаат на вообичаената рутина – проверување пораки,…

Прочитај Повеќе

Белгискиот тенисер Зизу Бергс приреди големо изненадување на АТП 1000 турнирот во Шангај, откако во третото коло го совлада третиот светски рекет Карлос Алкараз. Бергс славеше во два сета со 7:5 и 7:6 (7:4) по меч кој траеше два часа и три минути, со што го оствари најголемиот успех во својата кариера против еден од најдобрите тенисери во светот. Алкараз во дуелот против белгискиот ривал успеа да освои само две брејк топки од две можности, додека имаше пет директни поени од сервис и две двојни грешки. Од другата страна, Бергс одигра исклучително стабилно, сервираше девет аса и реализираше три од…

Прочитај Повеќе

Двајца скопјани се приведени поради нарушување на јавниот ред и мир по физичка пресметка пред ноќен клуб во скопската општина Центар. Како што информира Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен денеска во 4:30 часот во СВР Скопје. Во пресметката учествувале 29-годишниот А.Т. и 20-годишната И.С., двајцата од Скопје. Според полициските информации, при постапувањето на полициските службеници, И.С. се однесувала агресивно и кон нив додека ги преземале службените дејствија. Од МВР велат дека по целосното документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Прочитај Повеќе

Девет мигранти се пронајдени во близина на гевгелиското село Богородица, а полицијата приведе две лица осомничени за криумчарење мигранти, соопшти Министерството за внатрешни работи. Полициската акција била спроведена на 11 октомври околу 16:50 часот, кога полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица го запреле и привеле 39-годишниот Б.К. од Скопје. При преглед на неговото возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки биле пронајдени седум мигранти – петмина државјани на Авганистан и двајца од Египет. Околу два часа подоцна, на местото викано „Краварски пат“, полициските службеници пронашле уште двајца мигранти од Египет, кои биле дел од истата…

Прочитај Повеќе

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху побара државните институции да ги идентификуваат војниците и офицерите кои учествувале или давале изјави за истражувачкиот документарец „НАЗА“, оценувајќи дека со тоа биле загрозени безбедносните и дипломатските интереси на Израел. Според британскиот весник „Гардијан“, Нетанјаху испратил писмо до државниот обвинител, началникот на Генералштабот и директорот на безбедносната служба Шин Бет, во кое бара итна истрага и утврдување на идентитетот на сите лица што учествувале во создавањето на филмот или се појавуваат во него. Тој побара и покренување кривична постапка поради, како што наведува, можно нарушување на безбедноста на информациите, клевета и нанесување штета на дипломатските и…

Прочитај Повеќе

Лојалноста и довербата се темел на секоја успешна љубовна врска. Додека привлечноста може да биде искрата што ги спојува двајца луѓе, токму меѓусебната доверба е она што ја одржува врската со години. Според астролозите, припадниците на три хороскопски знаци особено ја ценат верноста и ретко би ризикувале да ја нарушат довербата на партнерот. Бик Биковите не брзаат да влезат во сериозна врска. Ним им е потребно време за да стекнат доверба и да проценат дали личноста покрај нив е вистинскиот избор. Но, кога еднаш ќе се посветат, тоа го прават искрено и без двоумење. Тие ја сакаат стабилноста, сигурноста и…

Прочитај Повеќе