Крајот на октомври, според астролошките толкувања, би можел да донесе позитивни промени на финансиски план за одредени хороскопски знаци. По период исполнет со неочекувани трошоци, финансиска неизвесност или чувство дека приходите не ги следат обврските, кај некои луѓе конечно би можело да дојде до стабилизација. Астролозите посочуваат дека четири хороскопски знаци имаат најголеми изгледи да почувствуваат финансиско олеснување, без разлика дали станува збор за дополнителна заработка, покачување на платата, исплата на одамна очекувани средства или подобро управување со личниот буџет. Бик За Биковите, последните денови од октомври би можеле да донесат вести што долго ги очекувале. Можно е да пристигнат…
Автор: K.
Вечер исполнета со голови, пресврти и големи изненадувања го одбележа второто коло од новата сезона во Лигата на шампионите. Атлетико Мадрид стигна до првата победа, Барселона убедливо славеше во Истанбул, Клуб Бриж приреди сензација против Интер, додека норвешки Викинг освои историски бод против Баерн Минхен. Атлетико Мадрид на свој терен го совлада Манчестер јунајтед со 2-0. „Јорганџиите“ поведоа уште во првата минута преку Пабло Бариос, а иако Кардосо подоцна ја затресе мрежата, неговиот погодок беше поништен поради игра со рака. Англискиот тим остана со играч помалку во 74. минута, кога Лени Јоро доби директен црвен картон, што домаќините го искористија…
Ви испраќа порака доцна навечер, редовно ги следи и лајкува вашите објави, остава романтични коментари или повремено ви кажува колку му недостасувате. Но, кога ќе предложите средба или ќе се обидете да ја продлабочите комуникацијата, одеднаш исчезнува. Ваквиот модел на однесување денес е познат како „breadcrumbing“ – појава што станува сè почеста во современите љубовни односи. Терминот, кој во слободен превод значи „оставање трошки внимание“, се користи за ситуации во кои една личност повремено покажува интерес и наклонетост, но никогаш не презема конкретни чекори за да изгради вистинска врска. Наместо јасна комуникација, следуваат кратки пораки, реакции на социјалните мрежи, комплименти…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Соединетите Американски Држави можеби „отишле предалеку“ со нападите врз иранското раководство, оценувајќи дека елиминацијата на високи функционери дополнително ги искомплицирала обидите за воспоставување преговори со Техеран. Говорејќи на митинг во американската сојузна држава Охајо, Трамп рече дека Вашингтон сега се соочува со проблем да најде соговорници од иранската страна. „Можеби отидовме предалеку со нивните лидери, бидејќи веќе не знаеме со кого, по ѓаволите, имаме работа. Искрено, тешко ни е воопшто да најдеме некого со кого би преговарале“, изјави Трамп. Тој посочи дека САД можеле да ја прекинат воената операција и во порана фаза, додавајќи…
Тензиите во главниот град на Албанија не стивнуваат. Судирите меѓу демонстрантите и полициските сили продолжија и попладнево во Тирана, каде што протестите добија нова ескалација во близина на зградата на Министерството за образование. И покрај интервенцијата на полицијата со водни топови, демонстрантите не се повлекоа. По првичниот обид да бидат растерани, студентите и останатите учесници повторно се организираа и продолжија со протестот на улицата „Драч“, во непосредна близина на Министерството за образование. Протестите се насочени против владата, а демонстрантите повторно побараа оставка од албанскиот премиер Еди Рама. Според албанските медиуми, ситуацијата останува исклучително напната, со повремени судири меѓу демонстрантите и…
Еурофарм Пелистер продолжува со лошиот старт во Европската лига. Битолчани не успеаја да го потврдат ремито од гостувањето кај Гдањск и вечерва претрпеа убедлив пораз на теренот на германскиот бундеслигаш Гумерсбах со 38-28. Со новиот неуспех, „зелено-белите“ остануваат на последното место во групата Г и значително ги намалија шансите за пласман во следната фаза од натпреварувањето. Тренерот Лино Червар се обиде со промени во тактиката и системот на игра, а тоа донекаде даде резултат во почетните минути. Пелистер одигра концентрирано, со трпеливи напади и во петтата минута имаше предност од 2-3. Одличен период имаше голманот Никола Митревски, кој одбрани неколку…
Голема неизвесност владее околу состојбата на Кристапс Порзингис (31), кој требаше да биде дел од подготовките на Голден стејт за новата НБА-сезона, но сè уште не се приклучил на тимот. Она што дополнително ја зголемува загриженоста е фактот што, според американските медиуми, ниту во клубот во моментов немаат јасна информација кога летонскиот центар би можел повторно да се врати на паркетот. Тренерот на Вориорс, Стив Кер, не откри детали за ситуацијата, но нагласи дека најважно е здравјето на кошаркарот. „Би сакале тој да биде овде со нас, но мора да му даде предност на здравјето. Го поддржуваме и продолжуваме понатаму“,…
Во засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои ја надминуваат дозволената брзина, полицијата за само шест часа констатирала 641 прекршок на територијата на цела Македонија. Контролата ја спровел Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи на 11 октомври, во периодот од 14:00 до 20:00 часот, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и намалување на ризикот од сообраќајни несреќи предизвикани од неприлагодена брзина. Од вкупниот број санкционирани возачи, 314 прекршоци биле евидентирани надвор од населени места, додека 327 возачи ја надминале дозволената брзина во населени места. Во рамки на контролата, полициските службеници откриле и три случаи на…
Москва нема сознанија за наводниот мировен план за Украина кој, според пишувањето на „Вашингтон пост“, го подготвуваат САД и европските партнери, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Кремљ ја прочита статијата во ’Вашингтон пост‘ за наводниот мировен план за Украина подготвен од САД и Европа. Меѓутоа, Москва не знае ништо за самиот план“, изјави Песков на прес-конференција, пренесе руската агенција ТАСС. Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин посочи дека Москва продолжува да ги следи и разгледува прашањата поврзани со можен прекин на огнот во енергетскиот сектор меѓу Русија и Украина, но дека во моментов нема нови информации за напредок во…
Почнува пријавувањето преку системот „Мој термин“ за бесплатна вакцинација против сезонски грип, а здравствените власти очекуваат имунизацијата да започне веќе од следната недела. Прв приоритет ќе имаат граѓаните кои припаѓаат на ризичните категории, додека паралелно продолжуваат активностите за обезбедување дополнителни количини вакцини. Во земјава веќе пристигнаа првите 30.000 дози од вакцината против сезонски грип, а според најавите, до 15 ноември ќе пристигнат уште 26.000. Со тоа вкупната количина ќе достигне 56.000 вакцини, додека Министерството за здравство работи да обезбеди вкупно 80.000 дози за претстојната сезона. Пријавувањето на граѓаните ќе се одвива преку системот „Мој термин“, по што ќе следи повикување…