Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Магазин»Заврши 24-часовниот хаос: Мајкрософт ги обнови клучните услуги
    Магазин

    Заврши 24-часовниот хаос: Мајкрософт ги обнови клучните услуги

    14/11/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Мајкрософт соопшти дека целосно се обновени услугите на платформите Тимс, Аутлук, Копајлот и останатите деловни апликации, по глобалниот прекин кој повеќе од 24 часа создаваше проблеми во работата на компании и институции ширум светот.

    Од технолошкиот гигант информираа дека нивните тимови ја завршиле работата на отстранување на причината за инцидентот и дека сите преостанати погодени корисници и региони повторно добиле пристап до услугите.

    Проблемите најмногу ги погодија Аутлук, Мајкрософт Ексчејнџ Онлајн и други сервиси поврзани со електронската пошта. Во периодот на прекинот, корисниците имаа потешкотии со испраќање и примање пораки, пристап до алатката за вештачка интелигенција Копајлот, како и со одржување на состаноци преку платформата Тимс.

    Нарушувања биле регистрирани и кај сервисите за споделување документи, управување со деловни податоци и заштита на електронската пошта, што предизвика сериозни проблеми за организации кои секојдневно се потпираат на дигиталната инфраструктура на Мајкрософт 365.

    Последиците од падот на системите се почувствуваа во повеќе земји. Во САД, некои локални власти ги повикаа граѓаните комуникацијата да ја вршат телефонски, бидејќи нивните онлајн-сервиси беа недостапни.

    Во Велика Британија беа забележани проблеми со издавање медицински рецепти, а дел од полициските управи побараа граѓаните пријавите за кривични дела и други инциденти да ги поднесуваат преку телефон наместо преку интернет.

    Прекинот влијаеше и врз банкарскиот сектор во Хонг Конг, додека во Јапонија дел од државните службеници мораа привремено да користат хартиена документација поради недостапноста на дигиталните системи.

    Платформите Тимс, Аутлук и Ексчејнџ Онлајн се дел од пакетот Мајкрософт 365, кој го користат милиони компании, здравствени установи, банки и владини институции како основна алатка за комуникација, обработка на податоци и секојдневно работење.

    Поврзани вести:

    Македонија доби свој AI агент за создавање софтвер – претставен Coder.mk

    Македонија доби свој AI агент за создавање софтвер – претставен Coder.mk

    Лекарите открија колкав е вистинскиот просек: Мажите најчесто погрешно ја проценуваат големината

    Лекарите открија колкав е вистинскиот просек: Мажите најчесто погрешно ја проценуваат големината

    Мамографијата не открива само рак на дојка: Може да предупреди и за ризик од срцеви заболувања

    Мамографијата не открива само рак на дојка: Може да предупреди и за ризик од срцеви заболувања

    Овие три хороскопски знаци ги очекуваат позитивни промени на 10 ноември

    Овие три хороскопски знаци ги очекуваат позитивни промени на 10 ноември

    Дали големината на носот открива нешто повеќе за надареноста: Научниците имаат став

    Дали големината на носот открива нешто повеќе за надареноста: Научниците имаат став

    Светот купува помалку телефони: Продажбата падна за 20 отсто

    Светот купува помалку телефони: Продажбата падна за 20 отсто

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Македонија доби свој AI агент за создавање софтвер – претставен Coder.mk

    12/11/2026

    Лекарите открија колкав е вистинскиот просек: Мажите најчесто погрешно ја проценуваат големината

    11/11/2026

    Мамографијата не открива само рак на дојка: Може да предупреди и за ризик од срцеви заболувања

    10/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.