Две жени од Скопје се здобиле со тешки телесни повреди од изгореници за време на семејна прослава во семејна куќа, информира Министерството за внатрешни работи.
Според МВР, случајот бил пријавен денеска околу 00:30 часот, кога од Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било известено дека кај нив биле донесени две повредени лица.
Станува збор за Н.К. (35) и А.А. (24), двете од Скопје, кај кои лекарите констатирале тешки телесни повреди во вид на изгореници.
Според првичните информации, повредите ги добиле за време на семејна прослава во куќа во сопственост на М.К., мајка на 35-годишната Н.К.
Засега не се познати околностите под кои настанале изгорениците.
Увид на местото извршила екипа на СВР Скопје, а полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.
