Седум малолетници биле затекнати како консумираат алкохол во угостителски објект во центарот на Скопје, во рамки на ноќна полициска акција спроведена во соработка со Државниот пазарен инспекторат.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека при контролите било утврдено и дека во една трафика се продавал алкохол на малолетни лица, по што биле преземени мерки за санкционирање.
Акцијата се одвивала од 22 часот на 14 ноември до 7 часот на 15 ноември. Во тој период биле регистрирани 18 сообраќајни прекршоци, а едно лице било лишено од слобода поради безобѕирно управување со моторно возило.
Полициските службеници лишиле од слобода и 12 лица по член 215 од Кривичниот законик, три лица по член 204, како и уште пет лица поради прекршоци против јавниот ред и мир.
Во рамки на акцијата била извршена контрола и на техно-забава во подземниот паркинг „Кресненско востание“. Таму биле легитимирани 65 лица, биле прегледани 13 возила, а едно лице било приведено по член 215 од Кривичниот законик.
Од МВР најавија дека за сите констатирани прекршоци ќе бидат поднесени соодветни пријави.
