Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Хроника»Крвнички ја претепал девојката, па ја оставил без свест на улица во Охрид, уапсен 31-годишник
    Хроника

    Крвнички ја претепал девојката, па ја оставил без свест на улица во Охрид, уапсен 31-годишник

    15/11/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Страшен случај на семејно насилство ја вознемири јавноста во Охрид, откако млада девојка била брутално претепана, оставена без свест на улица и итно пренесена во болница. За нападот е уапсен 31-годишен охриѓанец.

    Според досегашните информации, девојката и осомничениот Х.К. (31) претходно биле заедно во ресторан, каде што дошло до расправија. По напуштањето на објектот, двајцата се упатиле со автомобил, а нападот, според пријавеното, продолжил во возилото.

    Според информациите, девојката била брутално претепана сè додека не ја изгубила свеста. Потоа, осомничениот наводно ја исфрлил од автомобилот и ја оставил на улица пред маркет, со тешки повреди.

    Повредената била пронајдена кратко потоа и итно пренесена во болница, каде што била хоспитализирана поради сериозноста на повредите.

    Од СВР Охрид информираат дека денеска, во 05:05 часот, полициски службеници го лишиле од слобода Х.К. (31) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал својата девојка.

    „Денеска (15.11.2026) во 05:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Х.К.(31) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата девојка. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“, соопштија од СВР Охрид.

    Мотивот за нападот и сите околности под кои се случил случајот ќе бидат предмет на понатамошната истрага.

    Поврзани вести:

    Седум малолетници пиеле алкохол во скопски локал, полицијата спроведе акција

    Седум малолетници пиеле алкохол во скопски локал, полицијата спроведе акција

    По расправија во сообраќајот, 40-годишник од Кочани ѝ се заканувал на жена од Делчево, доби кривична пријава

    По расправија во сообраќајот, 40-годишник од Кочани ѝ се заканувал на жена од Делчево, доби кривична пријава

    Две жени тешко повредени од изгореници за време на семејна прослава во Скопје

    Две жени тешко повредени од изгореници за време на семејна прослава во Скопје

    Жена пријавила дека била нападната од две сосетки на Бит Пазар

    Жена пријавила дека била нападната од две сосетки на Бит Пазар

    Охриѓанец со 3,05 промили алкохол предизвикал сообраќајка, полицијата му го одзеде возилото

    Охриѓанец со 3,05 промили алкохол предизвикал сообраќајка, полицијата му го одзеде возилото

    Трагедија во Жданец: Маж загина во пожар во барака

    Трагедија во Жданец: Маж загина во пожар во барака

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Седум малолетници пиеле алкохол во скопски локал, полицијата спроведе акција

    15/11/2026

    По расправија во сообраќајот, 40-годишник од Кочани ѝ се заканувал на жена од Делчево, доби кривична пријава

    15/11/2026

    Две жени тешко повредени од изгореници за време на семејна прослава во Скопје

    15/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.