Автор: K.

Граѓаните од општините Бутел и Аеродром од вчера добија нова директна автобуска линија. Линијата 35 воспоставува директна врска меѓу Радишани и Ново Лисиче, овозможувајќи побрзо и полесно патување меѓу двата дела на Скопје. Од Општина Бутел информираат дека воведувањето на новата линија ќе придонесе за подобра поврзаност на населбите и ќе го олесни секојдневното движење на граѓаните. Воедно, од Општината потсетуваат дека ова е уште една нова автобуска линија, по линијата 37, која исто така беше воведена со цел подобрување на јавниот превоз и поврзаноста меѓу скопските населби. „Поврзуваме населби, олеснуваме движење и создаваме подобра градска поврзаност“, порачуваат од Општина…

Прочитај Повеќе

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во гостување на Радио Лидер, ексклузивно соопшти детали за големата полициска акција која вчера беше спроведена во Прилеп, посочувајќи дека станува збор за разбивање сериозна организирана криминална група, на која Министерството за внатрешни работи, во координација со Јавното обвинителство и со странски партнерски служби, работело повеќе од една година. „Станува збор за разбивање на една организирана криминална група, многу сериозна криминална група којашто добар дел од таа организирана криминална група повеќе од 15-тина години го правела тоа што го правела и биле недопирливи за органите на прогон“, истакна Тошковски. Министерот информираше дека во текот…

Прочитај Повеќе

Националниот здравствен информатички систем „Мој Термин“ во период од повеќе од пет години функционирал без договор за одржување вкупно 738 дена, односно речиси 38 отсто од анализираниот период, покажува извештајот на Државниот завод за ревизија. Ревизорите утврдиле повеќе проблеми поврзани со управувањето со системот, недостигот на кадар, ИТ-безбедноста, заштитата на медицинските и личните податоци, како и обезбедувањето стабилно функционирање на платформата што се користи во здравствениот сектор. За одржување на „Мој Термин“ и останатите информациски системи во јавните здравствени установи, во периодот опфатен со ревизијата биле склучени договори во вредност од 333,3 милиони денари, или околу 5,42 милиони евра. Од…

Прочитај Повеќе

Агенцијата за национална безбедност (АНБ), во координација со Министерството за внатрешни работи и Обвинителството, презела истражни дејствија против македонски државјанин за кој постои сомнение дека е поврзан со странски фактори и пропагандна мрежа активна во земјава. Според информациите од АНБ, на 18 септември 2026 година бил извршен претрес во домот на лицето, при што биле пронајдени и одземени предмети кои се доставени на дополнително вештачење. Од Агенцијата наведуваат дека постои основано сомнение за сторени кривични дела поврзани со предизвикување национална, расна и верска омраза, оддавање службена тајна, како и ширење расистички и ксенофобичен материјал преку компјутерски систем. Според АНБ, станува…

Прочитај Повеќе

Во Македонија во текот на 2026 година, заклучно со 29 септември, се регистрирани вкупно 71 случај на Западно-нилска треска, покажуваат најновите податоци на Институтот за јавно здравје. Од вкупниот број заболени, 66 случаи се потврдени, додека пет се водат како веројатни, согласно дефиницијата за следење на болеста. Најголем број заболени има во Скопје, каде се евидентирани 63 случаи. Од нив, 48 се жители на град Скопје, а 15 се од околните општини. Три случаи се регистрирани во Велес и околината, два во Кавадарци и Росоман, а по еден случај има во Куманово, Свети Николе и Тетово. Според Институтот за јавно…

Прочитај Повеќе

Љубовта не подразбира трпење на секое однесување. Секоја врска има несогласувања и тешки моменти, но постојат граници што не треба да се преминуваат бидејќи можат сериозно да ја нарушат довербата, самопочитта и чувството на сигурност. Здрава врска се гради врз взаемна почит, поддршка и рамноправност. Поради тоа, стравот од разделба не треба да биде причина да се прифаќаат однесувања што ве прават несреќни. Не покажува интерес за вашата среќа и успеси Партнерот не мора секогаш да има исто мислење со вас, но треба да биде личност која ќе ве поддржи кога ви е тешко и ќе се радува на вашите…

Прочитај Повеќе

Напнат инцидент се случил во авион на компанијата „Флај Дубаи“ кој летал од Дубаи кон Тел Авив, откако пилотот бил повреден со нож, а дел од патниците интервенирале и го совладале напаѓачот, според изјави на израелски официјални лица. Портпаролот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, Дорон Шпилман, изјавил дека индискиот капетан Смит Мачар, и покрај повредите, успеал да ја отвори вратата од пилотската кабина, по што неколку патници влегле внатре и помогнале во совладување на вториот пилот. „Повредениот капетан, иако бил на подот и крварел, ги искористил последните сили за да ја отвори вратата од кокпитот“, изјавил Шпилман, пренесува „Тајмс оф…

Прочитај Повеќе

Калифорнија стана најновата американска држава што целосно ги забрани детските бракови. Гувернерот Гевин Њусом потпиша закон со кој се утврдува дека брак ќе можат да склучуваат само лица кои наполниле 18 години, а новите правила ќе почнат да важат од 1 јануари. Со ова, Калифорнија се приклучува на групата американски држави кои во последните години воведоа целосна забрана на оваа практика, додека во голем дел од САД малолетничките бракови сè уште се дозволени под одредени услови. Потпишувањето на законот се одржа во присуство на Кортни Стоден, која стана позната откако на 16-годишна возраст стапи во брак со тогаш 50-годишниот актер…

Прочитај Повеќе

Русија за првпат употребила млазен беспилотен летал со специјална боева глава наменета за уништување на високонапонски далноводи, тврди Сергеј Бескрестнов, советник на украинскиот претседател и експерт за радиотехнологија. Според информациите, нападот бил извршен на 30 септември, а за него објави „Украинска правда“. Според Бескрестнов, станува збор за кумулативно-сечечка специјална боева глава (КРСН), развиена исклучиво за уривање на високонапонски столбови и челични мостовски конструкции. „Оваа боева глава се состои од главно полнење од 40 килограми и четири дополнителни модули за уништување“, изјавил тој. Употребата на ваков тип оружје кај млазните дронови, според украинскиот експерт, може да укажува дека Русија подготвува поинтензивни…

Прочитај Повеќе

На универзитетите низ Македонија денеска официјално започнува новата академска 2026/2027 година, а традиционално ќе биде одбележана со организирање на првиот академски час за новите студенти. На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје свеченото отворање ќе се одржи на платото на УКИМ, каде што е предвидена свечена програма со обраќања, културно-уметнички настапи, информативна сесија и активности за запознавање и дружење на бруцошите. На настанот е најавено присуство и обраќање на министерката за образование и наука Весна Јаневска. Според конкурсот за упис, годинава на 23-те факултети во состав на УКИМ беа понудени вкупно 8.851 место за студенти од прва година. Во…

Прочитај Повеќе