Жена од Скопје пријавила во полиција дека била физички нападната од две нејзини сосетки на подрачјето на Бит Пазар, информира Министерството за внатрешни работи.
Според МВР, синоќа во 22:20 часот во СВР Скопје, 35-годишната М.Е.Н. од Скопје пријавила дека околу 22:10 часот, на место викано „Чикаго“ на подрачјето на Бит Пазар, била физички нападната.
Како што е наведено во пријавата, за нападот се осомничени нејзините сосетки, 35-годишната Е.Р. и 18-годишната Ш.Р.
Од МВР соопштија дека по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
