Македонската фудбалска репрезентација ги продолжува подготовките за натпреварот против Шкотска во третото коло од Лигата на нации, во обид да стави крај на резултатската криза по двата порази на стартот од натпреварувањето. По неуспесите против Швајцарија и Словенија, селекторот Гоце Седлоски изјави дека ја презема целосната одговорност за резултатите и побара критиките да бидат насочени кон него и кон Фудбалската федерација, а не кон репрезентативците. „Критиките нека бидат насочени кон мене и кон федерацијата, а не кон играчите. Тимот е во процес на подмладување и стабилизација и за тоа е потребно трпение. Продолжуваме да работиме со цел да создадеме нова…
Автор: K.
Сопственикот на дискотеката „Пулс“, Дејан Јованов – Деко, со повеќе од еден час задоцнување бил донесен во Кривичниот суд во Скопје, каде што треба да се одлучува по барањето за нов притвор. Јованов, кој е првоосомничен за трагедијата во Кочани, бил спроведен од затворот во Куманово пред судија на претходна постапка, откако Обвинителството покрена постапка за ново кривично дело. Според обвинителството, новото сомнение се однесува на давање поткуп за добивање лиценца за работа на дискотеката. Поради тоа, пред истекот на притворот што му беше определен за делото поврзано со тешкото загрозување на безбедноста, се бара повторно да му биде определена…
Голем пожар вечерва го зафати историскиот дворец „Милер“, лоциран на Исакиевскиот плоштад во центарот на Санкт Петербург, непосредно спроти Исакиевската катедрала. Според руското Министерство за вонредни ситуации (МЧС), дојавата за пожарот била примена во 20:11 часот по локално време. Огнот брзо се проширил низ објектот, а за кратко време зафатил површина од околу 2.000 квадратни метри. Поради сериозноста на ситуацијата, пожарот бил прогласен за инцидент од трет степен на сложеност. Во првичната фаза било соопштено дека огнот зафатил околу 450 квадратни метри, но подоцна пожарот значително се проширил. На местото најнапред биле распоредени 125 пожарникари со 25 специјализирани противпожарни возила…
Дел од жителите на скопските општини Кисела Вода и Центар денеска ќе се соочат со прекини во снабдувањето со електрична енергија и вода, информираат надлежните претпријатија. Од ЕВН Македонија соопштија дека поради планирани активности на електродистрибутивната мрежа, без струја од 09:00 до 13:00 часот ќе останат дел од корисниците на улицата „Христо Татарчев“ во општина Кисела Вода. Во меѓувреме, од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека поради дефект на затворач со пречник Ф-80 милиметри на улицата „Димитрие Чуповски“ број 24, дел од корисниците на истата улица во општина Центар ќе останат без вода. Прекинот во водоснабдувањето започна во 08:30 часот…
Утрото низ Македонија ќе биде ведро и студено, додека во текот на денот времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринските температури ќе се движат од -2 до 8 степени, а дневните ќе достигнат меѓу 18 и 26 степени Целзиусови. Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде околу 8 степени, а максималната ќе достигне до 25 степени. Од УХМР најавуваат дека во наредните денови ќе се…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска престојува во официјална посета на Скопје, во рамки на нејзината турнеја низ земјите од Западен Балкан. Според владината агенда, Фон дер Лајен најпрво ќе има тет-а-тет средба со премиерот Христијан Мицкоски, по што ќе следува заедничка прес-конференција во Медија центарот на Владата. Во пресрет на посетата, Мицкоски порача дека Владата останува отворена за разговори и изнаоѓање решение за евроинтегративниот процес, нагласувајќи дека позициите на државата се јасни. „Подготвени сме да разговараме, да дебатираме и на крајот да најдеме решение“, изјави премиерот, отфрлајќи ги обвинувањата дека Владата го блокира европскиот пат поради…
Поради официјалната посета на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска во Скопје ќе биде воведен посебен режим на сообраќај. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека СВР Скопје, преку Единицата за безбедност на патниот сообраќај, ќе преземе мерки за регулирање на движењето на возилата на поширокото централно подрачје на главниот град. Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат насоките и наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници, со цел посетата да помине безбедно и непречено.
Премиерот Христијан Мицкоски објави фотографија од приемот кај претседателот на САД, Доналд Трамп, на кој тој присуствувал придружуван од сопругата Рози. -Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство, напиша Мицкоски. Македонскиот премиер пред неколку дена откри и за што зборувал Трамп на приемот, од кој тој бил дел за време на работната посета на САД. -Од она што го слушнав и во говорот на Генералното Собрание на претседателот на САД, но потоа и прием каде бев присутен, го повтори ставот дека во моментов нема договор со иранската страна, тие очекуваат да завршат изборите во САД, тој потсети…
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека Советот на Град Скопје донел одлука со која значително се намалува бројот на нови вработувања во градската администрација, како дел од, како што наведе, процесот на оптимизација и поодговорно управување со јавните средства. Според Ѓорѓиевски, за првпат е предвидено намалување на бројот на нови вработувања во сите јавни претпријатија и установи, а истовремено ќе се намалува и вкупниот број вработени по законски основи. Тој посочи дека приоритет ќе имаат работните позиции кои директно влијаат врз секојдневното функционирање на градот, како што се возачите во ЈСП, работниците и возачите во ЈП „Комунална хигиена“,…
Сериозен еколошки инцидент е регистриран во градот Љушња во Албанија, каде што илјадници риби угинале во акумулацијата Кашњети по испуштањето на водата поради реконструкција на браната. Локалните медиуми јавуваат дека вештачкото езеро е прекриено со големи количества угината риба, додека околината ја зафатил силен и непријатен мирис. По повлекувањето на водата, на теренот останала кал, а мртвите риби пловат на површината. Во расчистувањето на последиците се вклучила и албанската војска, додека со дронови се спроведува дезинфекција на водната површина за да се намали ризикот од ширење на зарази и други здравствени опасности. Поради инцидентот, албанската полиција покренала истрага против 58-годишниот…