Четириесет и седумгодишна државјанка на Република Турција била пронајдена почината во стан на подрачјето на скопската општина Аеродром, информира Министерството за внатрешни работи.
Според полициските информации, случајот во СВР Скопје бил пријавен на 19 ноември во 22:45 часот.
Починатата, Д.Б. (47), била пронајдена во станот, по што на местото пристигнала екипа на Итната медицинска помош, чиј лекар констатирал смрт.
По насоки на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција, која треба да ги утврди причините за смртта.
Од МВР засега не соопштуваат повеќе детали за случајот, а истрагата е во тек.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
