Автор: K.

ВМРО-ДПМНЕ со реакција одговори на денешната прес-конференција на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, оценувајќи дека нејзините изјави претставуваат признание за работата на актуелната Влада. Од владејачката партија посочуваат дека Кузеска укажала на тоа оти претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ги употребува термините македонски јазик, македонска култура и македонски идентитет, што, според ВМРО-ДПМНЕ, претставува потврда за променетата позиција на земјата. Во реакцијата се наведува дека ваквиот став доаѓа од партија која, според ВМРО-ДПМНЕ, за време на своето владеење инсистирала на употребата на придавката „Северна“ и спроведувала политики кои, како што тврдат, биле на штета на националните интереси. Од…

Прочитај Повеќе

Две починати лица биле пронајдени во текот на 2 октомври на различни локации во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи. Првиот случај бил пријавен во 05:30 часот, кога на подрачјето на Скопје бил пронајден починат 70-годишниот Ј.Х. од Скопје. Лекар од Итната медицинска помош ја констатирал смртта, а по насоки на јавен обвинител телото било предадено на обдукција. Вториот случај бил пријавен во 14:35 часот, кога на автобуска постојка во населбата Драчево бил пронајден починат 60-годишниот Г.С. од Скопје. И во овој случај лекар од Итната медицинска помош ја констатирал смртта, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено…

Прочитај Повеќе

Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против малолетник од Скопје поради сомнение дека сторил кривични дела „производство и дистрибуција на детска порнографија“ и „силување на дете кое не наполнило 15 години“. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот се однесува на настан од 2025 година. Како што наведуваат од МВР, малолетникот извршил обљуба врз малолетничка помлада од 15 години, при што со мобилен телефон го снимал чинот. Потоа, според сомненијата, снимениот видео материјал го користел за да ја уценува жртвата. По преземените мерки и собраните докази, СВР Скопје поднесе кривична пријава против осомничениот, а за случајот ќе…

Прочитај Повеќе

75-годишен жител на тетовското село Милетино е лишен од слобода откако, поради нерасчистени имотно-правни односи околу пат, со остар предмет повредил свој сограѓанин. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 2 октомври околу 10:30 часот во Полициското одделение Жеровјане. Како што наведуваат од МВР, М.К. (75) од Милетино со остар предмет му нанел повреда на Т.К. (66), исто така од селото. Повредениот со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Ургентниот центар во Тетово, каде му била укажана лекарска помош. Полициски екипи извршиле увид на местото на настанот, при што биле обезбедени трагите од крв…

Прочитај Повеќе

Останките на цар Самуил денеска пристигнаа во Софија, 1012 години по неговата смрт, каде беа изложени пред илјадници граѓани во центарот на бугарската престолнина, пред да бидат положени во базиликата „Света Софија“. Според бугарските медиуми, посмртните останки биле транспортирани од Солун со воен авион „Спартан“, кој по влегувањето во бугарскиот воздушен простор бил придружуван од борбени авиони МиГ-29 и Ф-16. По пристигнувањето во Софија, ковчегот со останките на Самуил бил пречекан со церемонија на плоштадот „Батенберг“, каде присутните граѓани го поздравиле со аплауз. На свеченоста биле одржани говори, била интонирана бугарската химна, а во чест на царот биле испукани 21…

Прочитај Повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски ја оцени средбата со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен како исклучително пријателска, корисна и содржајна, посочувајќи дека таа може да биде значајна за идните процеси поврзани со европската интеграција на земјата. По увидот на градежните активности на мостот на улицата „Љубљанска“ во Општина Карпош, Мицкоски рече дека очекува конкретни чекори веќе следната недела, откако Министерството за надворешни работи и надворешна трговија испратило иницијатива за средба со бугарската страна. Сепак, премиерот нагласи дека не е целосно задоволен од пораките што ги испрати претседателката на Европската комисија, особено во делот на уставните измени. „Таа јасно кажа…

Прочитај Повеќе

Дел од солунската обиколница ноќва ќе биде целосно затворен за сообраќај во двата правци поради градежни активности поврзани со проектот „Флајовер“. Според информациите од сообраќајната полиција во Солун, прекинот ќе трае шест часа, од 23:30 часот вечерва до 05:30 часот утре наутро. Затворена ќе биде делницата на источната внатрешна обиколница меѓу клучката Евкарпија кај болницата „Папагеоргиу“ и клучката Метеора. Во овој период сите возила ќе мора да ја напуштат обиколницата и да користат алтернативна локална улична мрежа. Градежните екипи во текот на ноќта ќе изведуваат работи за изградбата на надземната сообраќајница „Флајовер“, проект кој веќе подолг период влијае врз сообраќајниот…

Прочитај Повеќе

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска престојуваше во работна посета на Струмица, каде со градоначалникот Петар Јанков разговараше за тековните инфраструктурни проекти и идните планови за развој на општината. На средбата присуствувале и претставници од општинската администрација, како и пратениците Ели Панова и Жан Дрвошанов. Од Министерството за транспорт информираат дека преку ресорот што го предводи Николоски, во Струмица во моментов се реализираат инфраструктурни проекти со вкупна вредност над седум милиони евра. Меѓу позначајните инвестиции е изградбата на атмосферска канализациска мрежа во населеното место Просениково, проект чија вредност изнесува 46,6 милиони денари. На состанокот биле разгледани и прашања…

Прочитај Повеќе

Три лица се повредени во сообраќајна несреќа што утринава се случила во близина на Белви, каде според првичните информации дошло до судир меѓу три автомобили и автобус. По несреќата, на местото пристигнала екипа на Итната медицинска помош, која им укажала помош на повредените, по што тие биле транспортирани во болница. Од силниот удар, едно од возилата се завртело и удрило во заштитната ограда покрај патот, а на коловозот останале расфрлани делови од оштетените автомобили. Засега нема официјални информации за степенот на повредите на учесниците во несреќата, ниту за причините што довеле до судирот. Повеќе детали се очекуваат по завршувањето на…

Прочитај Повеќе

Двајца мажи го загубија животот во пожар што избувна синоќа во семејна куќа во населбата Прогар, во општина Сурчин, во близина на Белград. Според информациите од службите за итни случаи, повикот за интервенција бил примен во 19:33 часот. Медицинските екипи веднаш излегле на терен, но по пристигнувањето можеле само да ја констатираат смртта на двајцата мажи. Според првичните информации, едната жртва била на околу 80-годишна возраст, додека другиот загинат имал околу 60 години. Надлежните служби работат на утврдување на причините за пожарот и околностите под кои дошло до трагедијата.

Прочитај Повеќе