Со падот на температурите расте и бројот на настинки и други вирусни инфекции. Освен одмор, доволен внес на течности и правилна исхрана, топлите чаеви можат да помогнат во ублажување на дел од симптомите и да придонесат за подобра хидратација. Сепак, важно е да се нагласи дека ниту еден чај не може да ја излекува настинката или грипот. Нивната улога е да го олеснат закрепнувањето, а не да го заменат медицинскиот третман кога тој е потребен. Чај од ѓумбир Чајот од свеж ѓумбир е еден од најпопуларните избори при настинка. Иако најсилните научни докази за ѓумбирот се поврзани со намалување на…
Автор: K.
Околу 2.000 цивили во украинскиот град Олешки, кој се наоѓа под руска окупација во Херсонската област, се соочуваат со сериозна хуманитарна криза поради недостиг на храна, вода, лекови и основни услови за живот. „Ќе умреме оваа есен. Јас веќе умирам. Секој ден сум сè послаб“, гласи една од пораките што жителите ја испратиле до украинските власти, опишувајќи ја состојбата во градот кој практично е отсечен од остатокот на светот. Олешки се наоѓа непосредно до линијата на фронтот, на спротивната страна од реката Днепар во однос на Херсон. Минските полиња, постојаните напади со дронови и борбените дејствија ја прават секоја евакуација…
САД се соочуваат со најголем бран на морбили во последните повеќе од три децении, а најголемото жариште во моментов се наоѓа во Пенсилванија, каде што е регистрирана најтешката епидемија во една сојузна држава во изминатите над 30 години. Здравствените власти во Пенсилванија потврдија повеќе од 1.000 случаи на морбили во текот на 2026 година, распоредени во 39 окрузи. Од заразените, 198 лица завршиле во болница, а петмина починале. На ниво на целата земја, Центарот за контрола и превенција на болести (CDC) евидентирал 3.887 потврдени случаи на морбили, што е највисока бројка од почетокот на 1990-тите години, кога САД се соочија…
Две малолетни лица се здобиле со тешки телесни повреди, а една жена е повредена во сообраќајна несреќа што се случила на регионалниот пат Куманово–Липково, во близина на селото Никуштак. Од СВР Куманово информираат дека несреќата била пријавена на 4 октомври околу 15:50 часот, откако патничко возило „пежо“ со кумановски регистарски ознаки излетало од коловозот и се превртело. Со возилото управувала 33-годишната В.А. од Никуштак. Во несреќата биле повредени и двете малолетни сопатнички, кај кои во болница биле констатирани тешки телесни повреди. Возачката, пак, била пренесена во Општата болница Куманово, каде што ѝ биле утврдени телесни повреди. Увид на местото на…
Франција приреди вистински спектакл на „Сент Дени“ во Париз, откако со 4:1 ја совлада Белгија во натпревар од А Лигата на нации, иако до самата завршница гостите беа во водство. Белгија поведе во 35. минута преку Лукебакио и долго време успешно го бранеше минималното водство. Французите се обидуваа да го пронајдат патот до голот, но пресвртот пристигна дури во 77. минута. Тогаш селекторот Зидан направи тројна измена и во игра ги внесе Дуе, Шерки и Олисе, а токму тие го променија текот на натпреварот. Дуе израмни, Шерки донесе целосен пресврт, а Олисе со два погодоци стави точка на убедливата победа…
Многу луѓе ја имаат истата навика – по завршувањето на вечерата и уверувањето дека повеќе нема да јадат ништо, околу девет или десет часот навечер одеднаш се појавува силна желба за нешто благо. Иако често се смета дека причината е недостаток на самоконтрола или едноставно глад, научните истражувања покажуваат дека ситуацијата е посложена. Гладот и желбата за одредена храна не се ист процес, а вечерната желба за слатки може да се појави и кога организмот не бара класичен оброк. Во едно истражување, учесниците во повеќе наврати во текот на денот го оценувале чувството на глад и желбата за различни видови…
Разговор со вештачка интелигенција, кој една жена тврдела дека го користела како личен дневник, завршил со полициска интервенција откако системот за безбедност ја означил содржината како потенцијално опасна. Станува збор за Карли Мишел Хелер од Бонита Спрингс, Флорида. Според полицискиот извештај што го пренесуваат американските медиуми, таа на 26 септември во разговор со четботот Claude напишала порака во која наводно се заканила со напад врз канцеларијата на шерифот на округот Ли. Пораката била означена од безбедносниот систем на компанијата Anthropic, по што следела човечка проверка. Откако тимот за проценка ја разгледал содржината, случајот бил пријавен кај надлежните органи. Полицијата ја…
Додека за многумина откажувањето на вечерните планови значи разочарување и досада, за некои луѓе тоа е совршена можност за одмор и време посветено на себе. Според астролозите, Водолијата, Девицата и Јарецот се меѓу хороскопските знаци кои не чувствуваат потреба постојано да бидат опкружени со луѓе за да се чувствуваат исполнето. За нив тишината и личниот простор не се знак на повлекување, туку начин да се наполнат со енергија и да се посветат на сопствените интереси. Водолија – самотијата како простор за идеи Водолиите се познати како друштвени личности со широк круг познаници, но нивната потреба за слобода често е посилна…
Краткото времетраење на интимниот однос е предизвик со кој многу мажи се соочуваат во одреден период од животот. Наместо да се гледа само како проблем, важно е да се разберат реакциите на телото и факторите што влијаат врз побрзата ејакулација. Најчести причини за забрзана реакција се психолошката напнатост, анксиозноста, зголемената чувствителност или силната возбуда. Кога телото ќе достигне одредено ниво на стимулација, нервниот систем природно ја активира ејакулацијата, но со одредени техники може подобро да се контролира моментот. Препознавање на моментот пред кулминација Една од најважните работи е навремено да се препознае кога возбудата се приближува до границата по која…
Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека моментално ризикот за поширокото население се проценува како низок по смртта на 28-годишна лабораториска работничка во рускиот Институт за истражување на чума во Иркутск, Сибир. Случајот привлече големо внимание по шпекулациите дека жената можеби била заразена со белодробна чума, но руските власти сè уште официјално не потврдиле дека бактеријата Yersinia pestis била причината за смртта. Од СЗО информираат дека се во комуникација со руските здравствени власти и побарале дополнителни информации за здравствената состојба на работничката, условите под кои се разболела, како и за лабораториските анализи и резултатите од нив. „Врз основа на неофицијално достапните…