Маж загина во пожар што избувнал во барака во скопската населба Жданец, информира Министерството за внатрешни работи.
Според полициските информации, пожарот бил пријавен на 14 ноември околу 23:40 часот на улицата „Жданец“ во Скопје. Огнот избувнал во барака сопственост на 56-годишен скопјанец, која целосно изгорела.
По интервенцијата на екипите на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје и целосното гаснење на пожарот, во објектот било пронајдено тело на починато машко лице.
Во гаснењето учествувале 19 пожарникари со седум противпожарни возила. Надлежните преземаат мерки за утврдување на причините за избувнувањето на пожарот и за идентификација на починатиот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
