Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Политика»Партијата на пензионери бара построги казни за корупција и целосна конфискација на имот
    Политика

    Партијата на пензионери бара построги казни за корупција и целосна конфискација на имот

    15/11/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Партијата на пензионери ја даде својата поддршка за новиот предлог-закон за Кривичниот законик, со кој се предвидува заострување на казните за корупција и криминал поврзан со носители на јавни функции.

    Од партијата велат дека злоупотребата на службената положба мора најстрого да се санкционира, но оценуваат дека за законските измени да имаат вистински ефект потребни се дополнителни мерки и темелни реформи во правосудниот систем.

    „Како општествено одговорна политичка партија која ги застапува интересите на пензионерите и граѓаните кои со децении чесно го граделе ова општество, сметаме дека злоупотребата на службената положба мора најстрого да се санкционира“, наведуваат од Партијата на пензионери.

    Меѓу главните барања што ги предлага партијата е проширена и итна конфискација на имот за кој функционерите не можат да докажат дека е стекнат со легални приходи. Според нив, одземањето треба да се однесува и на имот префрлен на членови на семејството или блиски соработници.

    Од Партијата на пензионери бараат и конфискуваните средства задолжително да се насочуваат кон социјалната заштита, здравството и подобрување на животниот стандард на пензионерите и ранливите категории граѓани.

    Дополнително, предлагаат доживотна забрана за вршење јавна функција за лицата кои правосилно ќе бидат осудени за коруптивни кривични дела.

    Во делот на реформите во правосудството, партијата предлага воведување систем на проверка на интегритетот и имотната состојба на судии и јавни обвинители, односно ветинг, со цел отстранување на корумпираните кадри.

    Како клучни чекори ги наведуваат и целосната деполитизација на Судскиот совет, воведување забрзани постапки за предметите поврзани со висока корупција, како и поголема независност на институциите задолжени за борба против организираниот криминал и корупцијата.

    Од партијата порачуваат дека граѓаните заслужуваат праведна и стабилна држава во која законите ќе важат еднакво за сите, без оглед на функцијата или политичката припадност.

    Поврзани вести:

    ВМРО-ДПМНЕ: „Алта банка“ ги открива бизнис-врските меѓу СДСМ, ДУИ и фирма поврзана со сватот на Ахмети

    ВМРО-ДПМНЕ: „Алта банка“ ги открива бизнис-врските меѓу СДСМ, ДУИ и фирма поврзана со сватот на Ахмети

    ЗНАМ: Над 30 членови на СДСМ во Ѓорче Петров преминаа во нашите редови

    ЗНАМ: Над 30 членови на СДСМ во Ѓорче Петров преминаа во нашите редови

    ВМРО-ДПМНЕ: Нема забрана за „Алта банка“ во ЕУ, бараме истрага за кредитот од 5 милиони евра

    ВМРО-ДПМНЕ: Нема забрана за „Алта банка“ во ЕУ, бараме истрага за кредитот од 5 милиони евра

    СДСМ објави економски податоци: Македонија зад Србија, Црна Гора и Албанија според БДП по жител

    СДСМ објави економски податоци: Македонија зад Србија, Црна Гора и Албанија според БДП по жител

    ВМРО-ДПМНЕ почнува теренски активности низ општинските комитети, во фокусот и Алта банка, но и средбата со Вреди

    ВМРО-ДПМНЕ почнува теренски активности низ општинските комитети, во фокусот и Алта банка, но и средбата со Вреди

    Почна расправата за Буџетот за 2027 година, во Собранието пристигнаа над 300 амандмани

    Почна расправата за Буџетот за 2027 година, во Собранието пристигнаа над 300 амандмани

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    ВМРО-ДПМНЕ: „Алта банка“ ги открива бизнис-врските меѓу СДСМ, ДУИ и фирма поврзана со сватот на Ахмети

    15/11/2026

    ЗНАМ: Над 30 членови на СДСМ во Ѓорче Петров преминаа во нашите редови

    14/11/2026

    ВМРО-ДПМНЕ: Нема забрана за „Алта банка“ во ЕУ, бараме истрага за кредитот од 5 милиони евра

    14/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.