Автор: K.

Реал Мадрид постигнал договор со Арда Ѓулер за продолжување на соработката, а новиот договор на турскиот фудбалер ќе важи до 2031 година, објави „АС“. Со новата спогодба, Ѓулер ќе остане на „Сантијаго Бернабеу“ уште две години подолго од актуелниот договор, а според информациите, ќе добие и значително подобрување на финансиските услови. Младиот играч сезонава постепено ја зголемува својата улога во тимот и веќе започна пет натпревари како стартер. Тој и во претходната сезона беше важен дел од составот на Реал, со 40 настапи, шест постигнати голови и 14 асистенции. Со продолжувањето на договорот, Ѓулер ќе се најде меѓу фудбалерите на…

Прочитај Повеќе

Петнаесетгодишно момче останало без дланка и дел од подлактицата за време на судири меѓу средношколци и полицијата во северна Франција, соопшти локален функционер. Инцидентот се случил во градот Ленс, во момент кога ученичките протести влегуваат во третата недела. Според локалните медиуми, момчето ја активирало полициската шок-бомба, која потоа експлодирала и предизвикала тешки повреди. Префектот на департманот Па-де-Кале, Франсоа-Ксавие Лос, не ги коментирал деталите за настанот, но изјавил дека меѓу 200 и 250 демонстранти фрлале предмети кон полициските сили за време на интервенцијата. Протестите на француските ученици се организираат поради, како што наведуваат тие, недоволното финансирање на образованието, пренатрупаноста во училиштата…

Прочитај Повеќе

Дваесет и четиригодишен маж е осомничен дека ја избодел до смрт својата баба во задарската населба Станови, објавија хрватските медиуми повикувајќи се на неофицијални информации. Од полицијата информираат дека денеска во 13:53 часот добиле пријава за повредено лице во стан во тој дел од градот. Веднаш биле испратени полициски службеници и екипи за итна помош, а во станот била пронајдена жена која, и покрај укажаната помош, им подлегнала на повредите. Лицето кое се поврзува со нападот било приведено од полицијата. Според неофицијалните информации, 24-годишникот и неговата баба не живееле заедно, а тој пристигнал во нејзиниот стан каде се случил нападот.…

Прочитај Повеќе

Патниците на летот од Сплит кон Белград биле евакуирани од авионот поради сомнение за можна закана со бомба, објавија хрватски медиуми. Според сведоштвата на патниците, авионот веќе се наоѓал на пистата кога во него влегле полициски службеници, дел во униформи, а дел во цивилна облека. Во близина на леталото било забележано и полициско возило. Една од патничките изјавила дека лицето кое седело во предниот дел од авионот, во третиот или четвртиот ред, го споменало зборот „бомба“, по што таа побарала објаснување од екипажот. Според нејзиното сведоштво, неколку патници веднаш го напуштиле авионот поради страв, а нешто подоцна пилотот преку разглас…

Прочитај Повеќе

Земјотрес со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала бил регистриран денеска во Албанија, на 5 октомври 2026 година, во 12:53 часот. Според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМSC), епицентарот се наоѓал на околу 100 километри југозападно од Елбасан, а потресот бил на длабочина од приближно 5 километри. Најсилно го почувствувале жителите на Орикум, кој се наоѓа на околу 12 километри од епицентарот, каде што граѓаните пријавиле ненадејно и краткотрајно тресење. Потресот бил почувствуван и во Валона, град оддалечен околу 19 километри од епицентарот. Дел од жителите сведочеле дека тресењето траело неколку секунди, но било доволно силно да предизвика вознемиреност…

Прочитај Повеќе

Управата за јавни приходи (УЈП) информира дека граѓаните денеска добиваат лажни СМС пораки во кои испраќачите се претставуваат како институцијата, со цел измама и можна злоупотреба на лични и финансиски податоци. Во пораките се испраќа линк и се наведува дека постои проблем со „статусот на сметката за социјално осигурување“, при што граѓаните се повикуваат наводниот проблем да го решат што е можно поскоро. Од УЈП предупредуваат дека станува збор за сомнителна порака и апелираат граѓаните да не го отвораат приложениот линк и да не внесуваат лични информации, податоци од банкарски сметки или други чувствителни податоци. „Станува збор за порака која…

Прочитај Повеќе

Жителите на Општина Сопиште отсега имаат на располагање нов современ спортски простор, откако беше пуштено во употреба реконструираното мултифункционално игралиште спроти општинската зграда. Проектот е реализиран со поддршка на Министерството за спорт и Владата, во соработка со Општина Сопиште. Новото игралиште денеска го промовираа министерот за спорт Борко Ристовски и градоначалникот на Општина Сопиште, Јане Мицевски. Спортскиот комплекс располага со терени за фудбал, ракомет и кошарка, поставена е современа опрема, изградена е трибина и поставена е заштитна ограда, со што се создадени подобри услови за спортување и рекреација на децата, младите и сите граѓани. Министерот за спорт, Борко Ристовски, порача…

Прочитај Повеќе

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ во текот на септември собрале и транспортирале 14.320 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје. Од претпријатието информираат дека во истиот период биле отстранети и 3.040 кубни метри непрописно фрлен кабаст и градежен отпад од јавни и сообраќајни површини. Најголемо количество отпад од диви депонии било подигнато во Општина Чаир, каде што биле отстранети 545 кубни метри отпад. Во текот на минатиот месец, Екопатролата на ЈП „Комунална хигиена“ издала 24 едукативно-информативни записници до приватни лица и претставници на компании кои биле затекнати при прекршување на Законот за јавна чистота. Од претпријатието…

Прочитај Повеќе

Државниот инспекторат за земјоделство од почетокот на годинава до 15 септември спровел 873 вонредни инспекциски контроли кај регистрирани откупувачи на земјоделски производи, при што биле утврдени повеќе неправилности во работењето. Директорот на Инспекторатот, Ивица Ангеловски, информираше дека по извршените контроли се изречени 30 инспекциски мерки и се издадени 17 платни налози. Најчестите прекршувања се однесувале на откуп без склучени договори со земјоделските производители, неисплатени обврски и непочитување на законските рокови за исплата, како и неизложување на ценовници. Инспекторите, исто така, констатирале случаи на користење неверификувани мерни инструменти, како и откуп на земјоделски производи од субјекти кои не биле запишани во…

Прочитај Повеќе

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Русија ги смета украинските напади врз цивилната економска инфраструктура за причина за засилените воени дејствија и порача дека Украина „ќе ја плати цената“ за тие акции. Песков се повика на претходна изјава на рускиот претседател Владимир Путин, според која украинските власти ја прошириле листата на цели кон објекти од руската цивилна економија. „Она што нашите вооружени сили го прават сега е одмазда за тоа. Украина мора и ќе ја плати цената за овие дејствија“, изјави Песков. Осврнувајќи се на работата на странските дипломатски мисии во Киев, тој рече дека секоја држава самостојно одлучува…

Прочитај Повеќе