Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Од денеска задолжителна зимска опрема: Еве зошто зимските гуми се најбезбедниот избор
    Република

    Од денеска задолжителна зимска опрема: Еве зошто зимските гуми се најбезбедниот избор

    15/11/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Од денеска, 15 ноември, во Македонија официјално стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата. Законската мерка ќе важи до 15 март 2027 година и се однесува на сите возачи што учествуваат во сообраќајот.

    Иако Законот дозволува возење со летни гуми доколку во возилото има соодветни синџири за снег, експертите предупредуваат дека тоа не е секогаш најбезбедното решение, особено во услови на ниски температури и влажни коловози.

    Главната разлика меѓу летните и зимските гуми не е само во шарата, туку и во материјалот од кој се изработени. Зимските гуми се произведуваат од специјална гумена смеса која останува еластична и при ниски температури, овозможувајќи подобро прилепување на патот и пократок пат на сопирање.

    Од друга страна, летните гуми на студено стануваат потврди, што го намалува нивното прилепување и може да го зголеми ризикот од пролизгување, особено на влажни или замрзнати делници.

    Според препораките на производителот на гуми „Мишелин“, зимските пневматици покажуваат најдобри перформанси кога температурите ќе се спуштат под седум Целзиусови степени. Оваа вредност не е строга граница, туку практичен показател кога зимските гуми почнуваат да обезбедуваат подобро држење на патот во однос на летните.

    Многу возачи погрешно сметаат дека зимските гуми се потребни само кога има снег. Сепак, нивните предности се чувствуваат и на студени, влажни и лизгави коловози, како и во раните утрински часови кога температурата е ниска, а ризикот од губење на контрола врз возилото е значително поголем.

    Затоа, иако законските прописи можат да бидат исполнети и со летни гуми и синџири, поставувањето зимски гуми останува најбезбедниот избор за возење во зимски услови и значително придонесува за поголема сигурност на возачите и останатите учесници во сообраќајот.

    Поврзани вести:

    Времето се менува: Локален дожд денеска, ветерот ќе засилува од среда

    Времето се менува: Локален дожд денеска, ветерот ќе засилува од среда

    Мицкоски: До крајот на декември ќе ги завршиме сите реформи од Реформската агенда

    Мицкоски: До крајот на декември ќе ги завршиме сите реформи од Реформската агенда

    Почнува масовна вакцинација на овци и кози: 400 илјади дози против опасната болест

    Почнува масовна вакцинација на овци и кози: 400 илјади дози против опасната болест

    Полицијата ќе може да го исфрли насилникот од домот до 48 часа, најави Тошковски

    Полицијата ќе може да го исфрли насилникот од домот до 48 часа, најави Тошковски

    Четиригодишно девојче со тешки повреди завршило на Клиниките по пад од скали

    Четиригодишно девојче со тешки повреди завршило на Клиниките по пад од скали

    Силниот ветер предизвика хаос во Битола, две девојчиња повредени од искршено стакло

    Силниот ветер предизвика хаос во Битола, две девојчиња повредени од искршено стакло

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Времето се менува: Локален дожд денеска, ветерот ќе засилува од среда

    15/11/2026

    Мицкоски: До крајот на декември ќе ги завршиме сите реформи од Реформската агенда

    14/11/2026

    Почнува масовна вакцинација на овци и кози: 400 илјади дози против опасната болест

    14/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.