Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Спорт»Струга ТЛ со пресврт до победа во Штип, Брегалница падна по голема борба
    Спорт

    Струга ТЛ со пресврт до победа во Штип, Брегалница падна по голема борба

    22/11/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Фудбалерите на Струга ТЛ покажаа карактер и со пресврт стигнаа до голема победа на гостувањето кај Брегалница во Штип. Лидерот на табелата по негатива на полувремето успеа во вториот дел да ја преземе контролата, да постигне два гола и да ги однесе трите бода дома.

    Првиот дел им припадна на домашните фудбалери, кои иако не создадоа голем број шанси, успеаја да ја искористат најдобрата можност. Претходно Струга ТЛ ја погоди стативата од голот на Јашар, но Брегалница прва стигна до водство.

    Во 42. минута Велков нафрли од левата страна, а Иван Глигоров со одлична реакција од прва го совлада Василев, погодувајќи во долниот десен агол за 1-0. Со предност на штипјани се замина на пауза.

    Во второто полувреме ситуацијата на теренот целосно се промени. Струга ТЛ заигра поофанзивно, го притисна противникот и почна да создава прилики.

    Израмнувањето пристигна во 51. минута и тоа на атрактивен начин. Арби Воша изведе корнер директно кон голот, а домашната одбрана не успеа да реагира, па топката заврши во мрежата за 1-1.

    Само неколку минути подоцна гостите можеа и целосно да го свртат резултатот. Радески ја искористи несигурноста во одбраната на Брегалница, но неговиот удар заврши за малку покрај левата статива.

    Брегалница се обиде да возврати, а во 74. минута Иван Глигоров беше во одлична позиција, но во последен момент неговиот удар беше блокиран.

    Струга ТЛ продолжи да притиска, а во 81. минута Бојку упати опасен удар, но Јашар со одлична интервенција ја спаси својата мрежа.

    Сепак, гостите дојдоа до целосен пресврт во 87. минута. По нафрлување од левата страна, Радески со удар со глава го совлада Јашар и донесе голема победа за Струга ТЛ.

    Со овој триумф стружани продолжуваат во борбата за врвот на табелата, додека Брегалница останува без бодови од овој тежок натпревар.

    Поврзани вести:

    Катастрофално деби за Покетино: Јунајтед доживеа дебакл на „Енфилд“

    Катастрофално деби за Покетино: Јунајтед доживеа дебакл на „Енфилд“

    Верстапен славеше во Лас Вегас, Норис и Пјастри го комплетираа подиумот

    Верстапен славеше во Лас Вегас, Норис и Пјастри го комплетираа подиумот

    Кирил Лазаров го надигра Червар: Голема победа на Алкалоид во фармацевтското дерби

    Кирил Лазаров го надигра Червар: Голема победа на Алкалоид во фармацевтското дерби

    Работнички го доби вечното дерби: Црвено-белите го надиграа МЗТ во „Јане Сандански“

    Работнички го доби вечното дерби: Црвено-белите го надиграа МЗТ во „Јане Сандански“

    Тежок пораз на Македонија: Словенија ја освои Арената „Тодор Проески“

    Тежок пораз на Македонија: Словенија ја освои Арената „Тодор Проески“

    Убава вест за Илија Несторовски: Ќе добие пари што му ги должи банкротираниот Палермо

    Убава вест за Илија Несторовски: Ќе добие пари што му ги должи банкротираниот Палермо

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Катастрофално деби за Покетино: Јунајтед доживеа дебакл на „Енфилд“

    22/11/2026

    Верстапен славеше во Лас Вегас, Норис и Пјастри го комплетираа подиумот

    22/11/2026

    Кирил Лазаров го надигра Червар: Голема победа на Алкалоид во фармацевтското дерби

    19/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.