Вардар 1961 остана без бодови и по третото коло во Лигата на шампиони, откако на домашен терен загуби од Висла Плоцк со 26-32. Македонскиот шампион имаше неколку добри периоди, но тоа не беше доволно против полскиот тим кој одигра одлична одбрана и заслужено стигна до првата победа против „црвено-црните“. За Вардар ова беше трет пораз во исто толку натпревари, па скопскиот тим останува на последното место во групата без освоен бод. Висла Плоцк, пак, ја запиша првата победа во меѓусебните дуели со македонскиот состав. Фадуил беше најрасположен кај Вардар и постигна 14 гола од исто толку удари, додека Малус натпреварот…
Автор: K.
МВР го расчисти случајот со возилото „голф“ кое на 5 октомври го попречувало сообраќајот на една од најфреквентните крстосници во центарот на Скопје. Случајот привлече внимание откако на социјалните мрежи се појави видеоснимка на која се гледа како автомобилот го блокира движењето на останатите учесници во сообраќајот. Инцидентот се случил на крстосницата меѓу улиците „11 Октомври“, „Даме Груев“ и „Филип Втори Македонски“. По објавувањето на снимката, полициските службеници презеле активности за идентификување на возачот и сопственикот на возилото. Од МВР информираат дека на 7 октомври во СВР Скопје бил повикан Н.В., сопственикот на автомобилот „голф“ со скопски регистарски таблички. Против…
Раскинувањето може да предизвика силна емоционална болка, но и физички реакции слични на оние што се јавуваат при повреда. Експертите објаснуваат дека полесното надминување на крајот на една љубовна врска зависи и од начинот на кој ги насочуваме мислите, ги менуваме секојдневните навики и се справуваме со емоциите. Според „Превенција“, истражувањата покажуваат дека романтичното отфрлање активира делови од мозокот поврзани со емоционалната, но и со физичката болка. Во студија објавена во списанието „Нејчр Комуникејшнс“, со помош на магнетна резонанца било утврдено дека мозочните реакции при раскинување имаат сличности со оние при физичка болка. Антропологот Хелен Фишер уште во 2005 година…
Кошаркарите на ТФТ го добија скопското дерби против Скопје, совладувајќи го вицешампионот со 102-98 во натпревар во кој домашниот состав имаше контрола во најголемиот дел од средбата, но во финишот мораше сериозно да се помачи за победата. ТФТ одлично го започна дуелот и уште во првата четвртина направи двоцифрена предност од 30-18. Скопје се обиде да го промени текот на натпреварот и во вториот период ја намали негативата, но домаќините повторно одговорија и на паузата заминаа со водство од 52-41. Тимот од Тафталиџе продолжи во ист ритам и во третата четвртина, кога стигна и до највисоките 17 поени предност при…
Изградбата на автопатот Прилеп – Битола напредува според предвидената динамика, а првите 12 километри од трасата се очекува да бидат пуштени во употреба во текот на следната година. Ова го соопшти вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој информираше и за плановите за продолжување на патното поврзување кон Прилеп. Според Николоски, при изградбата на автопатот за првпат во земјава се применува нов метод, при кој наместо класична земјена подлога се поставува дробен камен, што треба да обезбеди поголема стабилност и поквалитетен коловоз. Тој посочи дека истиот принцип ќе биде применет и при изградбата на автопатите Кичево – Букојчани и…
Во сите наши односи со сите наши соседи и сите земји-членки на Европската Унија, секогаш ќе се водиме од принципите на добра волја и почитување на меѓународно јавно право, изјави во Софија министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. -Ние сме земја која, судејќи според досегашните резултати, се докажа како одличен кандидат. Се надеваме дека ќе бидеме оценети врз основа на ова и се надеваме дека условите ќе бидат такви што ќе бидеме одличен кандидат кога Европската Унија ќе биде подготвена да донесе она што во крајна линија е политичка одлука. Проширувањето е и отсекогаш било политичка одлука,…
Општина Карпош започна со обновување на хоризонталната сообраќајна сигнализација пред училиштата и детските градинки, со цел да се подобри безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Активноста, која се реализира во рамки на годишната програма на Секторот за комунални работи, опфаќа пребојадисување на пешачките премини и уличните училишни ознаки пред сите десет основни училишта во Карпош. Дополнително, ќе бидат обновени и пешачките премини пред десет објекти на четирите јавни детски градинки во општината.
Во обновената фискултурна сала во основното училиште „Коле Неделковски“ во Општина Центар со спортски активности и многу игра, беше одбележана Детската недела, а им се придружи и градоначалникот Горан Герасимовски. Просторот во салата од 350 квадратни метри, која со децении беше во незавидна состојба, сега е целосно трансформиран во современ и безбеден амбиент со одлични услови за наставата по физичко образование и за рекреација.
Неколку населени места и улици во Скопскиот регион денеска ќе останат без електрична енергија поради планирани интервенции на електродистрибутивната мрежа, информира Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје. Во периодот од 08:00 до 13:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците во Дрма, општина Илинден. Од 08:30 до 15:00 часот прекин во снабдувањето ќе имаат и дел од жителите на село Горно Блаце и Петровец. Без електрична енергија од 10:30 до 15:30 часот ќе останат и дел од корисниците на улицата „Караџица“ во населбата Пржино, општина Кисела Вода. Дополнително, прекин е најавен и за корисниците на булеварот „Јане…
Собранието денеска ќе одржи седница на која пред пратениците ќе се најдат повеќе законски предлози и национални програми што се однесуваат на јавната администрација, високото образование, науката и други области. На 125. седница, по скратена постапка, ќе се разгледуваат предлог-измени на законите за високи раководители, административни службеници, вработените во јавниот сектор, платите и другите надоместоци на избраните и именуваните лица, како и измените на Законот за шумите. На дневниот ред е и Предлог-законот за изменување на Законот за надворешни работи, кој ќе биде разгледан во прво читање. Покрај законските решенија, пратениците ќе расправаат и за Предлог Националната програма за високото…