Корисниците на услугата „МојДДВ“ во моментов се соочуваат со прекин во користењето на апликацијата поради технички проблеми во системот.
Од надлежните служби информираат дека проблемот е забележан и дека во тек се активности за негово отстранување, со цел услугата повторно да биде ставена во функција во најкраток можен рок.
„Поради технички проблеми, услугата „МојДДВ“ во моментов е привремено недостапна. Надлежните служби интензивно работат на отстранување на техничките проблеми и повторно воспоставување на услугата во најкраток можен рок“, се наведува во известувањето.
Од институциите упатуваат благодарност до граѓаните за разбирањето и трпението додека трае решавањето на проблемот.
Не е прецизирано кога точно се очекува целосно нормализирање на работата на апликацијата, но корисниците ќе можат повторно да ја користат услугата веднаш по завршувањето на техничките интервенции.
