Билатералните односи меѓу Македонија и Бугарија, европските интеграции, недовербата меѓу двете земји и Акцискиот план за малцинствата биле главните теми на разговорите меѓу министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова Чамова на средбата во Софија. По разговорите, Муцунски оцени дека средбата поминала во конструктивен тон, но посочи дека и понатаму постојат сериозни разлики во ставовите за дел од клучните прашања. Сепак, двете страни се согласиле да продолжат со дијалогот за темите од заеднички интерес. Шефот на македонската дипломатија нагласи дека недовербата претставува еден од најголемите предизвици во односите меѓу двете држави, особено поради…
Автор: K.
Полицијата во Струга привела 45-годишен жител на Скопје, кај кого при преглед биле пронајдени две пакувања со бела прашкаста материја. Случајот се случил на 7 октомври, околу 19:20 часот, на кејот „8 Ноември“ во Струга. Полициските службеници извршиле преглед врз лицето, при што ја пронашле и одзеле материјата. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосно расчистување и документирање на случајот, против 45-годишниот скопјанец ќе биде поднесена соодветна пријава.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, ги повика жителите на украинската престолнина кои имаат можност да престојуваат кај роднини или пријатели надвор од градот, да размислат за привремено заминување поради засилените руски напади. Тој појасни дека не станува збор за повик за целосна евакуација на Киев. Кличко предупреди дека секојдневно пристигнуваат нови извештаи за уништени објекти, повредени и загинати лица, додека гранатирањето врз градот продолжува да се интензивира. „Денес станува збор за преживување“, порача градоначалникот, објаснувајќи дека жителите кои имаат можност привремено да се преселат надвор од главниот град треба сериозно да ја разгледаат таа опција. Сепак, тој нагласи дека нема…
Четириесет и четири европски индустриски здруженија бараат од земјите членки на Европската Унија итно да преземат мерки против, како што наведуваат, нефер трговските практики на Кина. Според нив, ваквите практики го загрозуваат европското производство и ја зголемуваат опасноста од нови отпуштања и губење работни места. Повикот доаѓа во пресрет на состанокот на лидерите на ЕУ во Брисел, закажан за следната недела, на кој една од главните теми ќе биде растечкиот трговски дефицит со Кина. Неговата вредност, според наведените податоци, надминува една милијарда евра дневно. Меѓу потписниците на повикот се здруженија од металургијата, хемиската индустрија и производството на автомобилски делови. Тие…
Франција распореди околу 2.000 војници на Блискиот Исток со цел да придонесе за заштитата на своите сојузници во Персискиот Залив, особено Катар и Кувајт. Информацијата ја соопшти началникот на Генералштабот на француските вооружени сили, генералот Фабиен Мандон. Обраќајќи се пред пратениците во Француското национално собрание, Мандон откри дека Париз разговара и со Саудиска Арабија за можноста француските воени капацитети да бидат вклучени во заштитата на нафтениот терминал Јанбу. Станува збор за објект од особено значење за трговијата со јаглеводороди, кој претходно бил цел на напад. „Моментално сме во фаза на дискусија со Саудиска Арабија. Разгледуваме различни опции за заштита на…
Дел од жителите на Скопје денеска ќе се соочат со прекини во снабдувањето со електрична енергија и вода поради планирани технички интервенции и дефекти на водоводната мрежа. Без струја од 9 до 11 часот ќе бидат корисниците на улицата „Божин Николов“ во Горно Лисиче, во општина Аеродром. Прекин на електричната енергија е најавен и за улицата „Караџица“ во населбата Пржино, општина Кисела Вода, каде што снабдувањето ќе биде прекинато од 10:30 до 15:30 часот. Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекините се должат на планирани технички интервенции во дистрибутивната мрежа, кои ќе ги…
Американскиот претседател Доналд Трамп се обиде да ги разјасни своите изјави за можноста Иран да уништи американски градови, тврдејќи дека неговите зборови биле погрешно протолкувани. Тој појасни дека сакал да укаже на тоа дека повисоките цени на горивата се мала жртва во споредба со спречувањето на Иран да се здобие со нуклеарно оружје. Контроверзните коментари Трамп ги даде во понеделникот, за време на политички митинг во Небраска, каде што зборуваше за економските последици од војната со Иран и трошоците со кои се соочуваат американските граѓани. „Запомнете, во врска со војната, ова е само вештачко зголемување, цените се малку повисоки, но…
Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд нè очекува денеска низ земјава, а на некои места постои можност и за ретки грмежи. Температурите ќе останат релативно високи за овој период, со максимални вредности до 29 степени Целзиусови. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Утринските температури ќе се движат од 2 до 10 степени, додека дневните ќе достигнат од 22 до 29 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, со повремени локални врнежи од дожд и слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 6 степени, а максималната ќе достигне 26 степени.…
Подготвувањето вкусна и густа чорба не мора секогаш да значи правење класична запршка со брашно и масло. Постои многу поедноставен начин со кој супата може да добие богата текстура, а потребна е само една секојдневна намирница која речиси секогаш ја има во кујната. Компирот е малата тајна состојка која може природно да ја згусне чорбата. Неговиот скроб при готвењето се ослободува во течноста, создавајќи покремаста структура и пополн вкус, без потреба од дополнителни маснотии. Еден компир е доволен за совршена густина За стандардно тенџере чорба најчесто е доволен еден поголем компир. Потребно е само да го излупите и да го…
Дваесет и седумгодишен маж е убиен денеска во центарот на Тутлинген, Германија, по вооружен инцидент во кој дошло до престрелка со полициски службеници. Случајот го презеде Државната криминалистичка служба (LKA), која работи на утврдување на сите околности. Според првичните информации од истрагата, мажот претходно без јасна причина отворил оган кон полицијата. По размената на истрели бил тешко повреден, а медицинските екипи не успеале да го спасат неговиот живот. „Обидите за реанимација, за жал, не успеаја“, соопштија од LKA. Сведоци раскажуваат дека мажот бил забележан во просториите на градската управа со пиштол во раката. Вработените веднаш реагирале, повикале полиција и се…