45-годишен жител на делчевско село заработи кривична пријава откако, според полицијата, физички и вербално го малтретирал своето 13-годишно дете.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднела пријава против А.Л. за две кривични дела – „телесна повреда“ и „загрозување на сигурноста“.
Според пријавеното, случајот се одвивал во семејниот дом во текот на два последователни дена. На 7 ноември, таткото упатувал навреди кон своето малолетно дете, додека следниот ден ситуацијата ескалирала.
Од полицијата информираат дека на 8 ноември осомничениот се обидел да го нападне детето со стаклен предмет, по што меѓу нив настанала физичка пресметка.
Против 45-годишникот ќе се води постапка за утврдување на целосните околности на случајот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
