Автор: Никола Тасев

Од први јули почнува со работа новата детска градинка „Кокиче” во населбата Трубарево, во Гази Баба која ќе згрижи 60 деца. Инвестицијата изнесува 47 милиони денари, обезбедени од општината, а веќе е вработен и персоналот што ќе работи во градинката. -Дополнително, во месец септември ќе се отвори градинката во Инџиково, а интензивно, согласно договорената динамика, се гради и новата детска градинка на потегот помеѓу Керамидница и Маџари. Она што ме радува е дека за неколку недели од денес започнуваме со изградба и на нова четврта детска градинка во населеното место Сингелиќ и со тоа сите оние листи на чекање на…

Прочитај Повеќе

За половина денар од полноќ се зголемува цената на бензините Еуросупер 95 и 98, додека на дизелот се намалува, според денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика. Новата малопродажна цена на 95-тката е 84,5 денари, а на 98-цата 86,5 денари за литар. Дизелот ќе се продава за 80 денари по литар, додека цената на екстра лесното маслов за домаќинство останува иста, а се намалува цената на мазутот кој ќе чини 41,495 денари за килограм.

Прочитај Повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека со коалиционите партнери ВРЕДИ и ЗНАМ постои принципиелен договор околу поделбата на ресорите при најавената реконструција на владата, без да прецизира конкретни имиња на новите министри пред утрешната седница на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Вчера првиот вицепремиер и генерален секретар на ВРЕДИ Беким Сали изјави дека партијата ќе раководи со ресорите за животна средина, економија, европска интеграција, култура, односи меѓу заедниците и правда со кој раководи кадар од ЗНАМ. -Јас и во изминатиот период, а така и денес и така и утре до 20 часот нема да коментирам ниту ресори, ниту персонални кадровски решенија додека…

Прочитај Повеќе

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 29.06.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.535,52 поени. Во однос на претходниот трговски ден, индексот се намали за 23,18 поени, односно за 0,24%. Индексот ОМБ изнесуваше 130,68 поени, без дневна промена, односно 0,00 поени и 0,00%. Вкупниот промет реализиран на сите пазарни сегменти изнесуваше 38.828.777 денари. Најголем интерес кај инвеститорите имаше за акциите на Македонијатурист Скопје, Комерцијална банка Скопје и Алкалоид Скопје. Топ добитници · Квасара Битола +25,00% · Универзална Инвестициона Банка Скопје +1,40% · Македонски Телеком Скопје…

Прочитај Повеќе

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, соопшти дека Општината е целосно подготвена за превенција и справување со пожари на отворено во пресрет на летната сезона, по денешниот координативен состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување. На состанокот, на кој присуствуваа претставници на локалната самоуправа, Дирекцијата за заштита и спасување, Територијалната противпожарна единица – Прилеп, Центарот за управување со кризи, јавните комунални претпријатија, ЈП „Македонски шуми“ – подружница Прилеп и Армијата, биле разгледани досегашните активности и утврдени конкретни мерки за наредниот период. Проданоски информираше дека, согласно препораките на Владата, Општината веќе спровела инспекциски надзор над сите субјекти што поседуваат Б-интегрирана еколошка…

Прочитај Повеќе

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, оствари средба со членовите на драмската секција „Слободно театарче“ при СОУ „Ѓорче Петров“, при што им оддаде признание за нивната посветеност и успехот со реализацијата на долгометражниот филм „Девојките на Марко“. Проданоски истакна дека младите луѓе се најубавата приказна на секој град и дека нивниот талент и креативност се најсилен показател за иднината на Прилеп. „Овој проект е вистинска потврда за талентот, трудот и потенцијалот на младите луѓе во нашиот град. Со љубов кон уметноста, тимска работа и голема посветеност, тие создадоа дело што го претставува Прилеп во најубаво светло“, истакна градоначалникот. Тој додаде дека…

Прочитај Повеќе

Три лица се повредени во сообраќајна несреќа што утринава се случила на автопатот, кај клучката за Меѓународниот аеродром Скопје. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена околу 05:30 часот, кога патничко возило „нисан“ со српски регистарски ознаки, управувано од Н.Џ. (34) од Република Србија, удрило во метална ограда и се превртело на коловозот. Во несреќата повредени се возачот и две сопатнички, кои со возило на Итната медицинска помош биле пренесени во Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.

Прочитај Повеќе

На 62-годишна возраст во Скопје почина Сашо Миленковски, истакнат македонски режисер кој остави неизбришлив белег во македонската театарска уметност. соопшти Драмскиот театар – Скопје. Миленковски беше еден од четирите лауреати на наградата за животно дело на 60. МТФ „Војдан Чернодрински”, што се одржа во Прилеп од 5 до 12 јуни. Меѓу неговите најпознати претстави се „Балканот не е мртов” и „Буре барут” од Дејан Дуковски, како и „Тетовирани души”, „Црна дупка” и „Баханалии” од Горан Стефановски.

Прочитај Повеќе

Скопското обвинителство донело наредба за спроведување истражна постапка против 51-годишен маж, осомничен за кривично дело убиство извршено при семејно насилство, и побарало определување мерка притвор. Според Обвинителството, постои основано сомнение дека на 25 јуни во атарот на селото Летевци, при вршење семејно насилство, осомничениот со умисла ја лишил од живот својата сопруга. Тој, како што се наведува, вечерта ја зел жената од нејзиното работно место, ја однел во тешко пристапен терен и физички ја нападнал, при што ја задушил, по што таа починала на лице место. Потоа го скрил нејзиното тело под гранки меѓу дрвја, а следниот ден пријавил во…

Прочитај Повеќе

Македонскиот пејач, композитор и текстописец Владо Јаневски почина на 66-годишна возраст, по кратко боледување. Тој беше едно од најзначајните имиња на македонската музичка сцена и автор на бројни безвременски хитови, меѓу кои „Ако не те сакам“, „Евергрин“, „Дома си е дома“, „Не зори зоро“ и „Еден бакнеж“. Во 1998 година стана првиот официјален претставник на Македонија на Изборот за песна на Евровизија со „Не зори зоро“. Во текот на својата богата кариера настапуваше на домашни и меѓународни фестивали и зад себе остави шест студиски албуми. Освен како пејач, беше успешен композитор, текстописец и музичар, свирејќи повеќе инструменти. Со неговата смрт…

Прочитај Повеќе