Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го заврши својот историски настап на Вимблдон, откако во првото коло беше поразена од минатогодишната финалистка Аманда Анисимова со 2-0 во сетови (6-3, 6-2). Ѓорческа, која претходно со три победи низ квалификациите за првпат се пласираше во главната ждрепка на Гренд слем турнир, пружи солиден отпор, но не успеа да ја изненади шестата тенисерка во светот.
Анисимова направи еден брејк во првиот сет, а во вториот со серија од пет освоени гема ја обезбеди победата. И покрај елиминацијата, настапот на Вимблдон претставува најголем успех во кариерата на најдобрата македонска тенисерка. Со пласманот во главната ждрепка, Ѓорческа испиша нова страница во историјата на македонскиот тенис.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
