Автор: Никола Тасев

Во Прилеп денеска и официјално беше пуштен во употреба Центарот за дневен престој на стари лица за активно стареење, кој ќе обезбедува грижа, поддршка, социјализација и различни активности за повозрасните граѓани. Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека станува збор за значаен проект кој претставува уште еден чекор кон развој на современи, достапни и квалитетни социјални услуги. „Нашата цел беше да создадеме место каде што повозрасните лица нема да бидат изолирани, туку ќе имаат можност активно да го исполнуваат своето секојдневие преку дружење, социјализација, едукативни, културни и рекреативни активности, како и психосоцијална поддршка и грижа од стручен тим“, порача…

Прочитај Повеќе

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 30.06.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.521,52 поени. Во однос на претходниот трговски ден, индексот се намали за 14,00 поени, односно за 0,15%. Индексот ОМБ изнесуваше 130,68 поени, без дневна промена, односно 0,00 поени и 0,00%. Вкупниот промет реализиран на сите пазарни сегменти изнесуваше 63.435.281 денар. Најголем интерес кај инвеститорите имаше за акциите на Македонски Телеком Скопје, Универзална Инвестициона Банка Скопје и Макпетрол Скопје. Топ добитници · ТТК Банка АД Скопје +3,17% · Универзална Инвестициона Банка Скопје +1,00%…

Прочитај Повеќе

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оцени дека со усвојувањето на новиот Закон за обновливи извори на енергија е направен историски чекор што ќе ја промени енергетската иднина на Македонија. Според Божиновска, станува збор за прв посебен закон во оваа област кој е целосно усогласен со европските правила и претставува долгорочна стратегија за зајакнување на националната енергетска безбедност, намалување на зависноста од увоз на енергија и забрзување на зелената транзиција. Таа истакна дека законот воведува современ европски пазарен механизам – Two-way Contract for Difference, со кој, како што наведе, ќе се обезбеди финансиска стабилност за инвеститорите, а…

Прочитај Повеќе

Екипите на ЈКП „Комуналец“ – Прилеп продолжуваат со активностите за естетско кроење и обликување на зеленилото на повеќе локации во градот. Во рамки на акцијата се уредуваат зелените површини кај Споменикот на прилепските бранители и во населбата Димо Наредникот, со цел градот да добие поуреден и поатрактивен изглед. Од ЈКП „Комуналец“ јавно го пофалија својот вработен Пеце Трајкоски и тимот од секторот „Паркови и зеленило“ за нивната посветеност и професионалност. Според Трајкоски, годинава се врши формирање и подготовка на зеленилото, а веќе следната година Прилеп ќе добие декоративно обликувани зелени фигури. „Ова лето само го формираме зеленилото и го подготвуваме…

Прочитај Повеќе

Започна реконструкцијата на спортските игралишта во ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ во Битола, каде што ќе бидат изградени три нови модерни спортски терени. Увид во почетокот на градежните работи извршија градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, и претседателот на Советот, Бојан Бојкоски. Проектот опфаќа изградба на три спортски игралишта – терен за кошарка, терен за одбојка и комбиниран терен за ракомет и мал фудбал. Терените ќе се простираат на површина од околу 2.500 квадратни метри, а за нивната реализација од Буџетот на Општина Битола се издвоени 18,1 милион денари. „Со ова учениците ќе добијат нови модерни терени за изведување на наставата по…

Прочитај Повеќе

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го заврши својот историски настап на Вимблдон, откако во првото коло беше поразена од минатогодишната финалистка Аманда Анисимова со 2-0 во сетови (6-3, 6-2). Ѓорческа, која претходно со три победи низ квалификациите за првпат се пласираше во главната ждрепка на Гренд слем турнир, пружи солиден отпор, но не успеа да ја изненади шестата тенисерка во светот. Анисимова направи еден брејк во првиот сет, а во вториот со серија од пет освоени гема ја обезбеди победата. И покрај елиминацијата, настапот на Вимблдон претставува најголем успех во кариерата на најдобрата македонска тенисерка. Со пласманот во главната ждрепка, Ѓорческа…

Прочитај Повеќе

Системот „Безбеден град“ продолжува да се проширува во повеќе градови низ државата со цел да се намали бројот на тешки сообраќајни несреќи, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. Според партијата, во првите пет месеци од неговата примена бројот на загинати во сообраќајни незгоди е намален за 40 проценти, од 55 на 33 лица во споредба со истиот период лани. По Скопје, Куманово, Тетово, Велес и коридорите 8 и 10, камери веќе се поставуваат и во Охрид и на автопатот кај Ново Село во општина Дебарца. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека целта е системот да биде воведен во сите градови во државата. Крајната цел, според партијата,…

Прочитај Повеќе

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение упати критики кон лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека нема политичка стратегија, визија и план за развој на државата, туку дека единствената политика што ја нуди е, како што велат, попустлив пристап кон официјална Софија. Од партијата наведуваат дека Македонија има јасна и принципиелна позиција во однос на европските интеграции, со цел не само формално отворање на преговорите со Европската Унија, туку и нивно успешно завршување без нови условувања и блокади. Според ВМРО-ДПМНЕ, ваквиот став го делат и повеќе меѓународни претставници, кои, како што се наведува во соопштението, предупредиле дека не треба да се бараат…

Прочитај Повеќе

Од 1 јули ќе важат пониски царински стапки за 70 суровини и репроматеријали што ги користи домашната индустрија, откако Собранието ги усвои измените на Законот за царински тарифи. Од Министерството за финансии велат дека мерката е усогласена со европските правила и е подготвена во соработка со стопанските комори. Намалените царини треба да ги намалат трошоците на компаниите, особено во автомобилската, металопреработувачката и металуршката индустрија. Владата очекува ова да ја зголеми конкурентноста на домашните производители, да поттикне нови инвестиции и извоз. Измените се продолжение на реформите започнати во 2025 година, кога првпат беа намалени царинските стапки за дел од суровините.

Прочитај Повеќе

Додека вечерва по седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се очекуваат поконкретни информации и имиња за најавената реконструкција на Владата, денеска од СДСМ преку соопштение велат дека таа нема да донесе суштински промени за граѓаните, туку претставува само замена на поединци без промена на политиките. Од опозициската партија оценуваат дека по две години владеење, Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски не успеала да испорача резултати ниту на економски, ниту на социјален план. „Замена на неколку имиња во Владата нема да донесе никаква промена за граѓаните, затоа што проблемот се политиките на оваа неспособна и криминална власт. Старите политики остануваат, старите…

Прочитај Повеќе