Собранието ги усвои измените на Законот за земање и пресадување делови од човечкото тело, со кои се унапредува системот за органодарителство и трансплантација. Најважната новина е што секој полнолетен граѓанин ќе може кај својот матичен лекар или преку системот „Мој Термин“ да се изјасни дали сака да биде дарител на органи по смртта, со можност одлуката во секое време да ја промени. Законот го проширува и кругот на живи дарители до четврти степен на сродство, при што секој случај ќе го разгледува Етичка комисија за да се спречат злоупотреби. Од Министерството за здравство велат дека измените треба да ја зголемат…
Автор: Никола Тасев
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска информираше дека повеќе од 220 фонтани за пиење вода биле ставени во функција. „Скопје мора да биде град кој мисли на своите граѓани, особено во летниот период, кога високите температури бараат основни услови за разладување, движење и нормално функционирање. Со години, поради неажурност, ситни дефекти и негрижа, голем дел од фонтаните за пиење вода низ градот беа оставени надвор од функција. Она што требаше да биде секојдневна услуга за граѓаните, беше претворено во уште еден заборавен проблем. Тоа, го менуваме“, истакна Ѓорѓиевски во објава на Фејсбук. Како што посочи градоначалникот, заедно со службите на…
Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено по суви коловози, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ. Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен. АМСМ апелира возачите да бидат внимателни на делниците Катланово–Велес, Маврово–Дебар–Струга, Виница–Берово и Кочани–Делчево, каде што постои можност од појава на одрони. Од утре до 31 август ќе важи летен режим на сообраќај, со забрана за движење на товарни возила над 15 тони во одредени термини за време на викендите и во денови со екстремно високи температури. Дополнително, на магистралниот пат Скопје–Охрид ќе важат посебни ограничувања…
Над 900.000 нерегуларни мигранти поднеле барање за легализација на престојот во Шпанија пред истекот на рокот, што е речиси двојно повеќе од првично очекуваните 500.000 апликации. Право на пријава имаа лица кои престојуваат најмалку пет месеци во земјата и немаат кривично досие. Програмата е резултат на граѓанска иницијатива поддржана од повеќе од 700.000 граѓани, бројни хуманитарни организации, бизнис-заедницата и Католичката црква. Досега околу 360.000 лица веќе добиле привремени дозволи за престој и работа. Премиерот Педро Санчез ја брани мерката, оценувајќи дека таа е признание за мигрантите кои веќе придонесуваат за шпанската економија, додека опозициските партии Народна партија и Вокс се…
Спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по преживеани под урнатините по двата силни земјотреси што минатата среда ја погодија Венецуела, при што загинаа најмалку 1.700 лица. Најтешко погоден е крајбрежниот град Ла Гваира, каде што спасувачите периодично ја прекинуваат работата за да слушнат дали има знаци на живот под срушените згради. Жителите обвинуваат дека државните институции реагирале предоцна и дека во првите часови по катастрофата спасувањето го организирале самите граѓани и соседите. Голем број семејства и натаму трагаат по своите најблиски, додека на многу локации спасувачките тимови сè уште не пристигнале. Волонтери и локални жители со голи раце успеале да извлечат…
Денеска сите стискаме палци за Лина Ѓорческа, во својот прв настап на еден од Гранд слем турнирите. Но да се потсетиме и дека Македонија во периодот 1997 до 2002 година имаше редовен учесник на овие турнири, но во двојки. Александар Китинов, кој стигна и до 38 место на АТП листата, во двојки во 2001 година на Вимблдон стигна до третото коло. Тој во таа негова најуспешна година играше и на останатите Гранд слем турнири при што на Ролан Гарос и Австралија Опен стигна до второто коло, а на УС Опен беше елиминиран во првиот меч. Вкупно Китинов на сите четири…
Лина Ѓорческа синоќа го одработи последниот тренинг пред денешниот меч од првото коло на Вимблдон против шестата носителка Аманда Анисимова од САД. Меч за историјата на македонскиот тенис и спорт воопшто. Натпреварот започнува во 12 часот на еден од главните терени, а ќе може да се слиди во директен пренос на Арена спорт каналите. Лина Ѓорческа ќе стане првиот тенисер од Македонија што настапил во главната конкуренција на гренслем-турнир во сингл. Претходно во двојки во 2001 година Александар Китинов стигна до третото коло на овој турнир. Вчера Ѓорческа изјави: „Квалификациите минаа одлично. Отсекогаш знаев и верував дека сум блиску, а…
Три лица се повредени, од кои две се во критична состојба, во силна експлозија што вечерва се случи во станбена зграда во Монако. Според првичните информации, властите се сомневаат дека станува збор за терористички напад, а полицијата интензивно трага по осомничениот. Повредените се членови на исто украинско семејство, меѓу кои и украинскиот бизнисмен Вадим Јермолаев, кој е во тешка состојба. Безбедносните камери снимиле маж како остава ранец пред влезот на зградата, а експлозивната направа детонирала во моментот кога семејството влегувало во објектот. Осомничениот по експлозијата побегнал пеш, а засега не е утврдено дали семејството било конкретна цел на нападот. Во…
СДСМ ќе поднесе 10.000 амандмани за Изборниот законик за кој попладнево Собранието ја изгласа потребата од носење по скратена постапка. – Наскоро граѓаните ќе видат како изгледа криминален закон. Нема да дозволиме изборна кражба. 10.000 амандмани подготвени, напиша на фејсбук лидерот на СДСМ Венко Филипче објавувајќи фотографии од пратеничката група на СДСМ. СДСМ, која се повлече од работната група за Изборниот законик, има забелешки на неколку точки кои според нив не се европски и демократски. Носењето на Изборниот законик, сметаат од СДСМ, е алиби на власта за исполнување на Реформската агенда, а всушност целта е да се направи контролиран систем…
По најавите за блокирање на измените на Изборниот закон во Собранието, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред малку на Фејсбук го објави следново: „Истите тие кои ја крадеа, распродаваа и понижуваа Македонија, сега грчевито се борат да ја блокираат. Исплашени се дека, по декемврискиот извештај, сега и во јунскиот извештај на Европската комисија за напредокот на земјите од Западниот Балкан повторно ќе бидеме најдобри… Но, имам лоша вест за нив и нивните коалициони леви партнери: Македонија ќе ве победи вас и вашите блокади. Повторно ќе добиеме најмногу буџетски средства и повторно ќе добиеме најмногу отворени фондови за финансирање на проекти.…