Од 1 јули ќе важат пониски царински стапки за 70 суровини и репроматеријали што ги користи домашната индустрија, откако Собранието ги усвои измените на Законот за царински тарифи. Од Министерството за финансии велат дека мерката е усогласена со европските правила и е подготвена во соработка со стопанските комори.
Намалените царини треба да ги намалат трошоците на компаниите, особено во автомобилската, металопреработувачката и металуршката индустрија. Владата очекува ова да ја зголеми конкурентноста на домашните производители, да поттикне нови инвестиции и извоз.
Измените се продолжение на реформите започнати во 2025 година, кога првпат беа намалени царинските стапки за дел од суровините.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
