Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека во наредните неколку недели ќе поднесе оставка и дека во Србија ќе бидат распишани предвремени претседателски и парламентарни избори. Одлуката доаѓа по 18 месеци масовни антивладини протести предводени од студентите, кои започнаа по трагедијата во Нови Сад во ноември 2024 година, кога при уривање на настрешница загинаа 16 лица. Вучиќ, кој веќе 12 години е на чело на државата како премиер или претседател, изјави дека ќе ѝ помогне на Српската напредна партија да победи на изборите и предложи нејзината изборна листа да го носи името „Обединета Србија“. Тој не откри кога точно ќе поднесе…
Автор: Никола Тасев
„Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија. На терен се работи сѐ поинтензивно на изградбата на овој стратешки автопат, дел од Коридорот 10Д, што ќе го поврзе цел регион и ќе отвори нови можности за развој. Со овој автопат патувањето од Скопје до Атина се намалува за 3-3,5 часа. Тоа значи многу повеќе бизнис и туристи за цел регион“ – напиша министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук-профил и објави видео од изградбата на автопатот Прилеп – Битола. „Ова е најдолгата поединечна делница автопат што се гради во Македонија. Нашата цел е првата половина на 2027…
Македонија влегува во период на екстремно високи температури, а според најавите во делови од земјата живата во термометарот ќе надмине 40 степени. Следните неколку дена ќе преовладува сончево и многу топло време, со особено изразен ефект на жештина во котлините и урбаните средини. Најтопло се очекува да биде на почетокот на следната недела, кога температурите ќе го достигнат својот максимум. Потоа се прогнозира постепена промена на временските услови, со намалување на температурите и посвежо време од средината на неделата. Надлежните апелираат граѓаните да избегнуваат подолг престој на сонце во најтоплиот дел од денот, да внесуваат повеќе течности и да бидат…
Во депонијата Вардариште во Скопје се одвиваат интензивни активности за нејзина санација и одгасување, објави на Фејсбук профилот градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски и додаде дека на терен се поставува инфраструктура, со цел трајно решавање на еден од најдолготрајните еколошки проблеми во главниот град. Тој напиша дека процесот се реализира со силна динамика и според предвидениот проект, нагласувајќи дека Вардариште, кое со децении важи за една од најголемите еколошки црни точки, постепено заминува во историјата. „Ова е почеток на нова приказна за Скопје. По завршување на целиот процес, овој простор ќе добие сосема нов лик – од депонија ќе прерасне…
Камерите од проектот „Сејф сити“ за пет месеци регистрирале 120.000 сообраќајни прекршоци. Ова денеска го кажа министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. „Од 1 февруари, кога стартуваше примената на „Безбеден град“, регистрирано е намалување на сообраќајните несреќи за околу 40 проценти, односно загинале 34 лица, наспроти 55 за истиот период лани. До 22 јуни 2026, преку камерите се регистрирани 120.000 прекршоци, од кои 95 проценти се за пречекорување на дозволената брзина“, рече Тошковски. Камери од проектот „Безбеден град“ има во Скопје, Куманово и Тетово, како и на коридорите 8 и 10. Тошковски најави дека до крајот на годинава проектот ќе…
„Од првиот ден ја презедовме обврската безбедноста да биде највисок приоритет. Изминатите две години се соочивме со бројни безбедносни предизвици, но покажавме дека со посветеност, интегритет и меѓународна соработка, може да се постигнат видливи резултати, рече утрово министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во отчетот за сработеното во изминатите две години. Тој напомена дека МВР во изминатиов период ги зајакнало институционалните капацитети и ја унапредило борбата против организираниот криминал и корупцијата. -Инвестиравме во опрема, обуки и нови технологиии. Денешниот отчет не е само изнесување бројки, туку е фактичка потврда за трудот и професионалноста на полициските службеници и сите вработени во…
„СДС и ДУИ и од опозиција не придонесуваат никако за реформските процеси и со своите постапки продолжуваат да ги блокираат законските решенија кои се дел од Реформската агенда. На СДС и ДУИ треба да им биде јасно дека станува збор за реформи кои се во интерес на граѓаните и на државата, а не за партиски прашања. Затоа е јасно дека со ваквото однесување СДС и ДУИ не и мислат добро на Македонија, а граѓаните тоа добро го препознаваат“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ Од владејачката партија понатаму во соопштението посочуваат дека СДСМ и ДУИ 7 години беа на власт и не испорачаа…
Пренатрупаноста, немањето навремена и достапна здравствена заштита, недоволна кадровска екипираност на институциите и натаму остануваат главен проблем во македонските затвори и потребна е политичка волја, институционална посветеност и ресурси за да се разрешат постоечките состојби. – Недостигот на кадар, недоволните материјални ресурси, ограничениот пристап до здравствени услуги, несоодветните услови во дел од установите и потребата од континуирана обука на персоналот не претставуваат изолирани проблеми на поединечни институции, туку системски предизвици кои бараат координиран и долгорочен институционален одговор. – изјави заменик народниот правобранител Соња Трифуновска на презентација на извештајот на Националниот превентивен механизам (НПМ) за 2025 година. Таа нагласи дека констатираните…
„Откако ЗНАМ се распадна и повеќе не постои како функционална структура, Христијан Мицкоски веќе работи на создавање на нов сателит. Последните двајца преостанати во ЗНАМ – Горан Минчев и Максим Димитриевски сега се борат за фотелји“, соопштија денеска од СДСМ и додадоа: „Кога и таа последна битка ќе заврши, бидејќи можеби и нема да останат во Владата, Мицкоски ќе остане без инструментот што го користеше за да го ослабне опозицискиот блок. Затоа веќе започнува со создавање на ново „здружение“. Тоа е дел од истата стратегија што ја применуваше и досега – создавање на вештачки политички субјекти чија единствена цел е…
Два автомобили биле опожарени во раните утрински часови во скопската населба Бутел, а едното возило е во сопственост на скопскиот адвокат Асмир Алиспахиќ. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека пријавата била примена околу 2:20 часот, по што на местото веднаш излегла увидна екипа. Во пожарот биле зафатени автомобил „пасат“ со скопски регистарски таблички и „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на двајца жители на Скопје. Засега не се познати причините за пожарот, ниту дали станува збор за намерно подметнување. Полицијата извршила увид и презема мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сторителите. Според досегашните информации, нема повредени…