Системот „Безбеден град“ продолжува да се проширува во повеќе градови низ државата со цел да се намали бројот на тешки сообраќајни несреќи, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. Според партијата, во првите пет месеци од неговата примена бројот на загинати во сообраќајни незгоди е намален за 40 проценти, од 55 на 33 лица во споредба со истиот период лани.
По Скопје, Куманово, Тетово, Велес и коридорите 8 и 10, камери веќе се поставуваат и во Охрид и на автопатот кај Ново Село во општина Дебарца. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека целта е системот да биде воведен во сите градови во државата. Крајната цел, според партијата, е до 2030 година да се преполови бројот на загинати и тешко повредени во сообраќајни незгоди.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
