Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска организираше прием за ученичката Искра Нечаковска од гимназијата „Јосип Броз Тито“ – Битола, која освои сребрен медал на Европската олимпијада по физика, што се одржа во Шведска. На приемот присуствуваа и нејзиниот професор и ментор Каранфил Алачев, како и директорката на гимназијата Лидија Споа. Коњановски, од свое лично име и во име на Општина Битола, ѝ упати честитки за извонредниот успех, нагласувајќи дека тој претставува гордост не само за ученичката и нејзиното училиште, туку и за Битола и за Македонија. „Нејзиниот успех е доказ дека вложениот труд, стекнатото знаење и големата посветеност носат…
Автор: Никола Тасев
Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 01.07.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.474,75 поени. Во однос на претходниот трговски ден, индексот се намали за 46,77 поени, односно за 0,49%. Индексот ОМБ изнесуваше 130,68 поени, без дневна промена, односно 0,00 поени и 0,00%. Вкупниот промет реализиран на сите пазарни сегменти изнесуваше 21.650.419 денари. Најголем интерес кај инвеститорите имаше за акциите на Алкалоид Скопје, Комерцијална банка Скопје и Македонски Телеком Скопје. Топ добитници · Пивара Скопје Скопје +8,70% · Универзална Инвестициона Банка Скопје +2,99% · Аутомакедонија…
Додека глобалната енергетска транзиција забавува под притисок на геополитичките кризи, високите инвестициски трошоци и недоволно развиената инфраструктура, Македонија е меѓу државите што годинава бележат најголем напредок во развојот на чистата енергија. Ова го покажува најновиот Индекс на енергетска транзиција 2026 (Energy Transition Index) на Светскиот економски форум, според кој Македонија е една од земјите со најголемо подобрување во сегментот „чиста енергија“, со раст од 14,5%. Покрај Македонија, во оваа група се само уште Парагвај, Колумбија, Сингапур и Словачка.
Трпезата е најстариот јазик на заедништвото. Преку храната се пренесуваат традициите, се чуваат спомените и се поврзуваат различни култури и генерации. Турската кујна е еден од најдобрите примери за тоа. Таа е богатство создавано низ вековите, кое денес е значаен дел од културниот идентитет на Туркије и едно од најавтентичните искуства за милионите туристи што секоја година ја посетуваат земјата, а секое јадење носи дел од приказната за луѓето, обичаите и културите што се среќавале на овие простори. Токму ова богатство на вкусови и техники беше претставено на гастрономскиот настан организиран во Скопје, каде што познатиот македонски готвач Бобан Симовски…
„Шефот на организираната криминална група- Христијан Мицкоски го претстави стариот кабинет со нови фотелји. Нема резултати – има театар со реконструкција. Ова не е реформа на Владата, туку козметичка промена на истата криминална структура. Некои министри се преместуваат, некои нови имиња доаѓаат на сцена, а клучните луѓе и клучните ресори остануваат исти“, соопштија денеска од СДСМ. „Внатрешни работи, одбрана, финансии, надворешни работи, образование – сè во исти раце. Само се вртат столчиња за да се создаде впечаток дека нешто се менува. Ова е тактиката на Мицкоски: кога економијата е во колапс, кога буџетот е празен, кога нема пари ни за…
Русија од денеска привремено затвори седум железнички гранични премини кон Финска, Естонија и Латвија, соопшти руската влада. Одлуката опфаќа пет премини на границата со Финска и по еден на границите со Естонија и Латвија, а Москва најави дека официјално ќе ги извести соседните земји. Со ова се прекинува една од ретките преостанати директни железнички врски меѓу Русија и Европската Унија на тој дел од границата. Потегот доаѓа во период на зголемени тензии по приклучувањето на Финска и Шведска кон НАТО и засилените безбедносни мерки во балтичкиот регион. Шведските власти предупредуваат дека Русија ја зајакнува воената инфраструктура во близина на источната…
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне се очекува локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и на поедини места краткотрајно невреме со град. Дневната температура ќе се движи од 30 до 38 степени, а во Скопје ќе достигне до 35 степени, каде исто така се можни попладневни врнежи и грмежи. Во четврток и петок се очекува променливо облачно и нестабилно време со пообилни врнежи, силен ветер и локална појава на невреме. За време на викендот температурите ќе се намалат, а ќе дува умерен до…
Директорот на Фондот за здравство Сашо Клековски ќе биде нов министер на Министерството за здравство, а досегашниот министер за локална самоуправа Златко Перински ќе роводи со ФЗО, објави лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, по синоќешниот состанок на Извршниот комитет на партијата. Од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, за министер за социјална политика, демографија и млади е предложен досегашниот заменик-министер Ѓоко Велковски, а за министер за локална самоуправа Иван Стоилковиќ од Демократската партија на Србите кој досега беше вицепремер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците. За министер без ресор задолжен за интеграција на Ромите е предложен Ерџан Демир од ВМРО-ДПМНЕ.…
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека ВМРО-ДПМНЕ ги прифатило сите барања на Левица при подготовката на измените на Изборниот законик, вклучувајќи го и начинот на финансирање на политичките партии за време на изборната кампања. Тој рече дека власта е подготвена да прифати и две барања на СДСМ, доколку опозициската партија поднесе соодветни амандмани. Станува збор за предлогот гласачите да го заокружуваат името на кандидатот, наместо редниот број, како и за можноста набљудувачите и овластените претставници да поднесуваат постизборни жалби. Мицкоски ја обвини Левица дека и покрај тоа што сите нивни барања биле прифатени, одбила да го потпише предлогот за измените на…
Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска во својот кабинет оствари средба со новиот генерален конзул на Република Бугарија во Битола, Петар Петров. На средбата, Коњановски го запознал конзулот со личната карта на градот, како и со богатата историја, култура и традиции на Битола. Во разговорите биле разменети мислења за продлабочување на соработката меѓу двете страни, со посебен акцент на економијата и можностите за нови инвестиции, развој на туризмот, како и зајакнување на културната размена и други области од заеднички интерес.