Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне се очекува локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и на поедини места краткотрајно невреме со град.
Дневната температура ќе се движи од 30 до 38 степени, а во Скопје ќе достигне до 35 степени, каде исто така се можни попладневни врнежи и грмежи.
Во четврток и петок се очекува променливо облачно и нестабилно време со пообилни врнежи, силен ветер и локална појава на невреме. За време на викендот температурите ќе се намалат, а ќе дува умерен до засилен северен ветер.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
