Преговорите на Албанија за членство во Европската Унија би можеле да бидат загрозени поради плановите за изградба на луксузен туристички комплекс поддржан од Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Доналд Трамп. Европратеници предупредија дека проектот на заштитените крајбрежни подрачја е спротивен на еколошките стандарди на Европската Унија. Холандската европратеничка Тинеке Стрик изјави дека албанската влада „си игра со оган“ и побара да се откаже од проектот ако навистина сака членство во ЕУ. Кушнер планира да изгради туристички комплекс вреден 1,4 милијарди евра на островот Сазан и на дел од недопреното крајбрежје кај Звернец. Европскиот парламент побара итно запирање на градежните…
Автор: Никола Тасев
Дваесетина поранешни и еден актуелен функционер на СДСМ ја промовираа новата платформа „Разговори за иднината“, која ја претставуваат како алтернатива за реафирмација на социјалдемократските вредности. На собирот присуствуваа повеќе поранешни високи партиски функционери, меѓу кои Игор Ивановски, Никола Ќуркчиев, Андреј Петров и Гордан Георгиев, како и пратеничката Славјанка Петровска. Учесниците порачаа дека не формираат нова партија, туку демократска платформа што треба да придонесе за поширока општествена дебата и промени во опозицискиот простор. Дел од нив истакнаа дека не се фракција на СДСМ, но дека нивната цел е да извршат притисок за трансформација на партијата одвнатре. Според организаторите, Македонија има потреба…
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, ја обвини претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, дека лаже кога тврди дека Русија ги прекинала испораките на природен гас за Европа. Захарова изјави дека Русија никогаш не ја запрела испораката на гас и оцени дека проблемите со снабдувањето се последица на санкциите што Европската Унија ги воведе кон Москва. Таа додаде дека европските држави самите ги создале своите енергетски проблеми. Според Захарова, секој граѓанин на Европската Унија би можел да ја тужи Урсула фон дер Лајен поради ваквите изјави и да го добие спорот. Во своето обраќање, таа…
Најмалку шест лица загинаа во голем пожар што избувна во десеткатна станбена зграда во белгискиот град Антверпен. Пожарот избувнал пред 10 часот во населбата Линкерувер, а густ чад брзо ги зафатил повисоките катови од објектот во кој живеат повеќе од 200 лица. Полицијата предупреди дека бројот на жртви може да се зголеми, бидејќи неколку станари сè уште се водат како исчезнати. Во акцијата се вклучени бројни противпожарни екипи, дронови и специјализирани спасувачки тимови, а повредените се пренесуваат во болниците според посебен медицински план. Евакуираните жители се сместени во привремени прифатни центри, а локалните власти ги повикаа граѓаните во близина да…
Меѓународниот аеродром Скопје пушти во употреба два нови безбедносни скенери со компјутерска томографија, инвестиција вредна околу еден милион евра. Генералниот директор на ТАВ, Неџат Курт, изјави дека со ова скопскиот аеродром станува првиот на Балканот што користи ваква технологија. Новите скенери ќе овозможат побрза и поефикасна безбедносна контрола, а патниците повеќе нема да мора да ги вадат лаптопите, таблетите и мобилните телефони од багажот. Според Курт, целта е да се зголеми безбедноста и да се намали стресот при патувањето. Заменик-министерката за транспорт, Калтрина Зеколи-Шаќири, истакна дека соработката со ТАВ досега донела инвестиции од околу 50 милиони евра и реализација на…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека предложените измени на Изборниот законик не се ниту европски ниту демократски, посебно поради воведувањето електронско гласање за дијаспората. Тој оцени дека ваквото решение отвора сериозни сомнежи за регуларноста и легитимноста на изборниот процес. Според Филипче, гласањето на иселениците без соодветни механизми за контрола создава можност за злоупотреби и го доведува во прашање кредибилитетот на изборите. СДСМ најави дека со илјадници амандмани ќе го блокира усвојувањето на законот доколку спорниот член не биде повлечен. Филипче предложи да се формира експертска работна група со учество на повеќе политички партии, која темелно ќе го уреди прашањето…
Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, најави дека партијата поднела 3.500 амандмани на предложените измени на Изборниот законик по скратена постапка. Тој оцени дека Левица е единствената партија која е оштетена со задржувањето на сегашните правила за државно финансирање на политичките партии. Апасиев тврди дека несогласувањата околу електронското гласање го блокирале договорот за измените на законот. Според него, моделот за електронско гласање, преземен од Франција, не е применлив во Македонија поради многу поголемиот број иселеници. Тој посочи дека Левица била подготвена електронското гласање експериментално да се примени само на претседателските избори. Апасиев го нарече инсистирањето на ВМРО-ДПМНЕ за електронско гласање „чист…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска кажа дека нема да се кандидира за претседател на државата на следните избори. Тој, одговарајќи на новинарско прашања при посетата на Кисела Вода за новиот Изборен законик, кажа дека не се точни тврдењата оти измените со кои се овозможува гласање на дијаспората електронски се прават оти тој планира да се кандидира за претседател на изборите во 2029 година. „Еве да им олеснам, нема да се кандидирам. Кога ќе ми заврши мандатот како претседател на Владата, се враќам на факултет меѓу студентите. Немам таква амбиција, ниту желба. Нека овозможат на дијаспората да го оствари своето право на…
Градоначалникот Дејан Проданоски најави реализација на значаен инфраструктурен проект на улицата „11-ти Октомври“ во Прилеп, со кој ќе се изврши реконструкција на тротоарите, велосипедските патеки и уличното осветлување. Проектот се спроведува во рамки на „Проектот за поврзување на локални патишта во Република Македонија“, кој е реализиран од Министерството за транспорт со финансиска поддршка од Светска банка. Според најавите, ќе се реконструира површина од околу 2.800 квадратни метри, во должина од 520 метри од двете страни на улицата. Изведувач на градежните работи е ГД „Гранит“ АД Скопје. Со овој зафат, како што посочува Проданоски, се создаваат побезбедни услови за движење на…
Од Одделението „Паркови и зеленило“ при ЈКП „Комуналец“ Прилеп две екипи интензивно работат на косење на проблематични делови од Оревоечка река. Активностите се одвиваат на потегот од мостот „Димо Наредникот“ кон мостот на улица „Трајко Николоски“, на површина од околу 22.500 квадратни метри, како и од мостот „Табаана“ до Градскиот базен, каде се опфаќаат дополнителни 12.540 квадратни метри. Од претпријатието информираат дека, согласно Програмата за работа и расположливите капацитети, овие површини се планирани за косење двапати годишно. Редовната динамика предвидува нивно одржување во летниот период и во доцна есен. Со овие активности, ЈКП „Комуналец“ Прилеп продолжува со одржување на јавните…