Унгарскиот премиер Петер Маѓар најави дека на следниот самит на НАТО ќе отпатува со редовен лет на авиокомпанијата „Виз Ер“, наместо со приватен или воен авион. Тој порача дека нема потреба од скапи државни летови и дека министрите треба да дадат личен пример со одговорно трошење на јавните средства.
Маѓар ова го изјави во контекст на проверката за патните трошоци на поранешниот министер за надворешни работи Петер Сијарто, која сè уште е во тек. Според него, доколку се утврдат неправилности, ќе бидат поднесени соодветни пријави. Премиерот нагласи дека очекува членовите на владата да работат транспарентно и да покажат дека државните обврски можат да се извршуваат без непотребни трошоци.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
