Автор: Никола Тасев

Договорот за изградба на автопатот Скопје – Блаце ќе биде потпишан в понеделник, најави премиерот Христијан Мицкоски. – Ако зборуваме за патната инфраструктура, за неколку месеци од сега шест автопатски делници ќе се градат. Во понеделник го потпишуваме договорот за изградба на автопатот Блаце – Скопје, проект што граѓаните го чекаат со децении и кој го доби македонска компанија. Многу наскоро ќе биде завршен и процесот за делницата Букојчани – Кичево, а догодина ова време веќе ќе треба да го користиме автопатот Кичево – Охрид. Исто така, догодина ова време очекувам првите десет километри од автопатот кај Прилеп да бидат…

Прочитај Повеќе

Најмалку 22 лица загинаа, а 86 се повредени во еден од најсилните руски напади врз Киев од почетокот на војната. Украинските спасувачки служби продолжуваат да трагаат по преживеани под урнатините на повеќе локации, а се стравува дека бројот на жртви ќе расте. Според украинските власти, Русија во нападот лансирала 74 ракети и 496 беспилотни летала, од кои најголемиот дел биле насочени кон главниот град. Украинската противвоздушна одбрана пресретнала поголем дел од проектилите и дроновите, но 33 локации сепак биле погодени. Претседателот Володимир Зеленски изјави дека со навремена испорака на договорената западна воена помош можело да бидат спасени повеќе животи и…

Прочитај Повеќе

Екипите на ЈКП „Комуналец“ – Прилеп спроведоа темелна акција за расчистување на просторот во населбата Вишне 2, на локацијата каде што некогаш се наоѓала Зоолошката градина. Во рамки на акцијата беа отстранети големи количини несоодветно исфрлен отпад, а извршено е и чистење на шипови, трње, троскот и висока трева. Од ЈКП „Комуналец“ информираат дека станува збор за површина која не била исчистена повеќе од десет години, поради што била ставена меѓу приоритетите за уредување. Локацијата се наоѓа во непосредна близина на едно од најубавите фудбалски игралишта во Прилеп, како и до станбените објекти познати како „зоолошки згради“. Од претпријатието апелираат…

Прочитај Повеќе

Во Битола продолжуваат градежните активности на повеќе локации, со фокус на реконструкција на улици, унапредување на спортската инфраструктура и изградба на нови паркинг-простори. Од Општина Битола информираат дека во тек е комплетна реконструкција на улицата „Маркс и Енгелс“ во централното градско подрачје. На делница долга 250 метри се обновуваат водоводната и канализациската мрежа, по што ќе биде реконструиран и коловозот. Паралелно се работи и на делови од улиците „Леринска“ и „Христо Узунов“, каде што веќе е изведена нова водоводна и канализациска мрежа, а во следната фаза ќе се реализира асфалтирањето. Во делот на образовната и спортската инфраструктура започна реконструкцијата на…

Прочитај Повеќе

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска во Приштина учествуваше на Неформалниот министерски совет на Енергетската заедница, каде што министрите од регионот, претставници на Европската комисија и Секретаријатот на Енергетската заедница разговараа за забрзаната интеграција на земјите од Западен Балкан во европскиот пазар на електрична енергија и природен гас, за енергетската безбедност и зајакнувањето на регионалната соработка. Во своето обраќање, министерката Божиновска истакна дека енергетската безбедност денес е прашање на заедничка одговорност и дека само преку поврзување на инфраструктурата, усогласување на политиките и заеднички инвестиции регионот ќе може успешно да одговори на идните предизвици. „Нашата долгорочна визија…

Прочитај Повеќе

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 02.07.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.461,62 поени. Во однос на претходниот трговски ден, индексот се намали за 13,13 поени, односно за 0,14%. Индексот ОМБ изнесуваше 130,68 поени, без дневна промена, односно 0,00 поени и 0,00%. Вкупниот промет реализиран на сите пазарни сегменти изнесуваше 47.505.473 денари. Најголем интерес кај инвеститорите имаше за акциите на Универзална Инвестициона Банка Скопје, Алкалоид Скопје и Комерцијална банка Скопје. Топ добитници · Шпаркасе банка Македонија Скопје +3,02% · Стопанска банка Скопје +2,52% ·…

Прочитај Повеќе

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес оствари работна средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Н.Е. Ола Солстром, на која беше потврдена одличната билатерална соработка и заедничката определба за нејзино натамошно продлабочување, со посебен акцент на енергетиката, инфраструктурните проекти и зелената транзиција. Во фокусот на разговорите беа можностите за унапредување на соработката во областа на енергетската ефикасност, модернизацијата на енергетската инфраструктура и развојот на паметни енергетски решенија, области во кои Шведска претставува еден од европските лидери. Министерката Божиновска истакна дека Владата е цврсто посветена на модернизација на македонскиот енергетски систем, зголемување на учеството…

Прочитај Повеќе

Недоволна контрола на залихите, слабости во спроведувањето на јавните набавки, проблеми со наплатата на побарувањата и голем број итни прегледи, откри Државниот завод за ревизија за финансиското работење на Универзитетска клиника за торакална и васкуларна хирургија за 2024 година. Ревизорите констатирале ненавремено и неажурно евидентирање на потрошувачката на лекови и медицински материјали во сметководствената и материјалната евиденција, а констатирале и зголемено оптоварување на Клиниката бидејќи 66 проценти од сите реализирани прегледи биле извршени со итни упати или упати без закажан термин, надвор од системот „Мој термин”.

Прочитај Повеќе

По вознемирувачките видеа за врсничко насилство врз девојче во скопски Аеродром, полицијата соопшти дека мајката на малтретираното девојче вчера го пријавила нападот врз нејзината 12-годишна ќерка кој се случил претходната вечер во парк на подрачјето на Аеродром. Според пријавата, 12-годишното девојче било физички нападнато од 14-годишна малолетничка која била заедно со нејзина другарка и кои претходно ја натерале во два наврати да клекне на колена и да се извинува. Потоа откако тргнала да си оди била физички нападната од друга малолетничка, а целиот чин бил снимен со мобилен телефон од повеќе малолетници кои биле присутни, а едниот од нив го…

Прочитај Повеќе

ВЛЕН синоќа ги потврди имињата на новите министри во реконстриураната Влада. Универзитетскиот професор Џетон Шасивари ќе го води ресорот правда, министер за односи меѓу заедниците ќе биде Агон Ферати, додека за министер за култура и туризам е предложен Седат Сулејмани. Во новиот владин состав продолжуваат да ги извршуваат своите функции Беким Сали како прв заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Бесар Дурмиши како министер за економија и труд, како и Мухамет Хоџа како министер за животна средина и просторно планирање. „ВЛЕН решително продолжува по патот на промените, носејќи нова енергија, професионални кадри и одговорен пристап кон владеењето. Со…

Прочитај Повеќе