Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне се очекуваат локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа се можни поинтензивни врнежи, силен ветер над 60 километри на час и краткотрајно невреме со појава на град.
Температурите ќе се движат од 13 до 19 степени наутро и од 22 до 34 степени во текот на денот.
Во Скопје ќе биде нестабилно со повремени врнежи, грмежи, засилен ветер и услови за краткотрајно невреме во делови од котлината. Од недела до средината на следната седмица се очекува стабилизирање на времето со претежно сончеви периоди. Во сабота ќе дува засилен до силен северен ветер, кој ќе продолжи и во наредните денови со умерен до засилен интензитет.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
