Автор: Никола Тасев

Фестивалот „Скопско лето“ продолжува со богата културна програма и овој викенд. Вечерва во Младинскиот културен центар премиерно ќе биде изведена претставата „Теорема, леме“, во режија на Мирко Радоњиќ, според делото на Пјер Паоло Пазолини. Во сабота во Музејот на Град Скопје ќе биде прикажан документарниот филм „Шуплевски – ехо низ времето“, посветен на едно од најзначајните музички семејства во Македонија, а влезот е бесплатен. Во недела во Сули ан ќе се одржи симфонискиот концерт „Поврзани преку звукот: трансформативната моќ на светската музика“, во изведба на ФЕЈМС Институтот под диригентство на виолинистката Русанда Панфили. На програмата ќе бидат изведени дела од…

Прочитај Повеќе

Три лица се уапсени поради напад врз 14-годишно момче што се случи минатата недела на подрачјето на Гази Баба. Според полицијата, тие околу 23:05 часот на 22 јуни физички го нападнале малолетникот, при што му нанеле повреди со остар предмет. Родителите на момчето тврдат дека напаѓачите без причина започнале да го тепаат, а едно од лицата извадило нож и го прободело. Од здобиените повреди детето паднало во бесознание, а напаѓачите избегале од местото на настанот. Повреденото момче го пронашол случаен минувач, кој повикал Итна медицинска помош и полиција, по што било пренесено во Ургентниот центар каде било оперирано. Од МВР…

Прочитај Повеќе

Во касарната „Илинден“ во Скопје денеска ќе биде претставен дел од новата воена опрема што Армијата ја доби преку Европскиот мировен фонд. На презентацијата се очекува да присуствуваат премиерот Христијан Мицкоски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, евроамбасадорот Михалис Рокас и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски. Покрај презентацијата, припадниците на Армијата ќе изведат и показна вежба за демонстрација на своите способности. Од Министерството за одбрана информираат дека преку Европскиот мировен фонд се обезбедува воена опрема во вредност од над 40 милиони евра. Досега во земјава се испорачани првиот пакет и дел од вториот, а следува и испорака на дополнителна логистичка,…

Прочитај Повеќе

Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне се очекуваат локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа се можни поинтензивни врнежи, силен ветер над 60 километри на час и краткотрајно невреме со појава на град. Дневната температура ќе се движи од 22 до 34 степени, а во Скопје до 30 степени. Во главниот град попладне се очекуваат дожд, грмежи и услови за локално невреме. Од утре времето ќе се стабилизира и ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност и умерен до засилен северен ветер. Максималната температура утре ќе достигне до 34 степени.

Прочитај Повеќе

Унгарскиот премиер Петер Маѓар најави дека на следниот самит на НАТО ќе отпатува со редовен лет на авиокомпанијата „Виз Ер“, наместо со приватен или воен авион. Тој порача дека нема потреба од скапи државни летови и дека министрите треба да дадат личен пример со одговорно трошење на јавните средства. Маѓар ова го изјави во контекст на проверката за патните трошоци на поранешниот министер за надворешни работи Петер Сијарто, која сè уште е во тек. Според него, доколку се утврдат неправилности, ќе бидат поднесени соодветни пријави. Премиерот нагласи дека очекува членовите на владата да работат транспарентно и да покажат дека државните…

Прочитај Повеќе

Ковчезите со останките на убиениот врховен лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, и неколку членови на неговото семејство се изложени во Техеран пред погребните церемонии што ќе траат од 4 до 9 јули. Иранските власти очекуваат милиони луѓе да присуствуваат на последното испраќање на Хамнеи, кој беше убиен при првите напади од војната со САД и Израел. Главно внимание привлекува прашањето дали новиот врховен лидер Моџтаба Хамнеи првпат јавно ќе се појави и ќе ја предводи молитвата за својот татко. Неговото евентуално отсуство би можело да отвори сомнежи за неговата здравствена состојба и за тоа кој реално ја води државата.…

Прочитај Повеќе

Антивладините протести во Албанија синоќа прераснаа во насилни судири меѓу демонстрантите и полицијата. Полицијата употреби солзавец, бибер-спреј и воден топ откако дел од демонстрантите фрлаа камења, јајца и други предмети кон безбедносните сили. Во судирите се повредени 12 полицајци, а приведени се 18 демонстранти. Протестите, познати како „револуција на фламинго“, започнаа поради плановите за изградба на луксузен туристички комплекс поврзан со Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп. Иако првично беа насочени против проектот што, според активистите, ќе ја загрози животната средина, протестите прераснаа во пошироко незадоволство против владата на премиерот Еди Рама. Демонстрантите пред парламентот во Тирана побараа…

Прочитај Повеќе

Европската Унија планира да пренасочи дел од средствата од Инструментот за реформи и раст кон Македонија, Албанија и Црна Гора, бидејќи овие земји покажале најголем напредок во спроведувањето на реформите. Според претставници на Европската комисија, земјите што не ги исполниле договорените рокови ризикуваат да останат без дел од предвидените финансиски средства. Инструментот е воспоставен во 2024 година и предвидува шест милијарди евра за поддршка на реформите во земјите од Западен Балкан до 2027 година. Досега се одобрени околу 673 милиони евра, при што најголемиот дел од средствата се насочени кон Македонија, Албанија и Црна Гора. Босна и Херцеговина се очекува…

Прочитај Повеќе

На социјалните мрежи се појавија снимки од 14-годишно момче кое било избодено седум пати е оставено без свест во тревник во скопската населба Ченто. МВР го потврди настанот и информираше дека се случил на 22 јуни вечерта кога малолетното момче било физички нападнато од три лица, од кои едното му нанело повреда со остар предмет. Откако момчето изгубило свест, лицата го оставиле беспомошно на местото, каде е пронајден од случаен минувач и пренесен во болница и опериран. Полицијата работи на случајот.

Прочитај Повеќе

Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне се очекуваат локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа се можни поинтензивни врнежи, силен ветер над 60 километри на час и краткотрајно невреме со појава на град. Температурите ќе се движат од 13 до 19 степени наутро и од 22 до 34 степени во текот на денот. Во Скопје ќе биде нестабилно со повремени врнежи, грмежи, засилен ветер и услови за краткотрајно невреме во делови од котлината. Од недела до средината на следната седмица се очекува стабилизирање на времето со претежно сончеви периоди. Во сабота ќе дува засилен…

Прочитај Повеќе