Рускиот претседател Владимир Путин телефонски разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп по повод 250-годишнината од независноста на САД. Според Кремљ, главна тема на разговорот била војната во Украина и претстојниот самит на НАТО во Анкара. Од Кремљ соопштија дека Трамп ја потврдил својата подготвеност да работи на што побрз прекин на борбите и изнаоѓање решение за кризата.
Русија, според советникот на Кремљ, Јуриј Ушаков, и понатаму се залага за политичко и дипломатско решавање на конфликтот. Двајцата лидери разговарале и за состојбите на Блискиот Исток и за ситуацијата околу Иран.
Телефонски разговор со Трамп имал и украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој изјави дека разговарале за состојбата на фронтот и за дипломатските напори за завршување на војната. Зеленски нагласи дека американската поддршка е клучна и најави продолжување на разговорите со Трамп за време на самитот на НАТО.
Самитот на Алијансата ќе се одржи на 7 и 8 јули во Анкара, со учество на лидерите на 32 земји-членки. Се очекува состојбата во Украина да биде една од главните теми на состанокот.
