Автор: Никола Тасев

По неколкудневното освежување, Македонија повторно влегува во период на стабилно, сончево и топло време. Според прогнозата на УХМР, во текот на неделата дневните температури постепено ќе се зголемуваат. Од средината на неделата се очекува нов бран на летни горештини, со температури над 35 степени. Во југоисточните и централните делови на земјата живата во термометарот локално ќе достигне и до 37 степени. Во Скопје максималната температура ќе се движи меѓу 32 и 37 степени, а најтопло ќе биде кон крајот на работната недела. Во Битола и Охрид ќе биде нешто посвежо, додека во Струмица, Гевгелија, Демир Капија и Валандово повторно ќе…

Прочитај Повеќе

Бројот на загинати во двата силни земјотреси што ја погодија Венецуела се искачи на 3.342 лица, соопштија властите. Според официјалните податоци, повредени се околу 16.740 луѓе, а повеќе од 17.000 останале без своите домови. Земјотресите со јачина од 7,2 и 7,5 степени според Рихтеровата скала ја погодија земјата на 24 јуни, по што следуваа бројни последователни потреси. Најтешко погодена е крајбрежната држава Ла Гуаира, каде што има големи материјални штети. Спасувачките екипи, со поддршка од меѓународни тимови, и натаму трагаат по преживеани под урнатините. Уништени се 190 згради, а уште најмалку 856 објекти, меѓу кои и неколку болници, се сериозно…

Прочитај Повеќе

Најмалку осум лица загинаа, а 34 се повредени во масовен руски напад со ракети и дронови врз Киев и неговата околина. Нападот бил извршен само неколку часа откако украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека се подготвува нов голем удар врз главниот град. Според украинските власти, седум лица загинале во Киев, а уште едно во Киевската област. Делумно е урната станбена зграда во населбата Подилски, а оштетени се и повеќе станбени и деловни објекти во Подилски и Дарницки. Материјална штета е регистрирана и во областите Холосиевски, Буча, Вишгород и Бровари. Првите експлозии одекнале околу 1:40 часот, по што следувале уште неколку…

Прочитај Повеќе

На погребот на поранешниот ирански врховен лидер Али Хамнеи, еден од говорниците јавно повика на убиство на американскиот претседател Доналд Трамп. Мохамад Расули пред насобраните изјави дека „убиството на Трамп е наша должност“, по што толпата извикуваше „смрт за Америка“ и „смрт за Израел“. За време на церемонијата беа истакнати транспаренти и црвени знамиња кои симболизираат одмазда, а имаше и пораки насочени против Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Според медиумските извештаи, на погребот присуствувале значително повеќе луѓе отколку претходниот ден. Во меѓувреме, Трамп изјави дека Иран сака да постигне договор со САД и дека Вашингтон му оставил простор да…

Прочитај Повеќе

Рускиот претседател Владимир Путин телефонски разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп по повод 250-годишнината од независноста на САД. Според Кремљ, главна тема на разговорот била војната во Украина и претстојниот самит на НАТО во Анкара. Од Кремљ соопштија дека Трамп ја потврдил својата подготвеност да работи на што побрз прекин на борбите и изнаоѓање решение за кризата. Русија, според советникот на Кремљ, Јуриј Ушаков, и понатаму се залага за политичко и дипломатско решавање на конфликтот. Двајцата лидери разговарале и за состојбите на Блискиот Исток и за ситуацијата околу Иран. Телефонски разговор со Трамп имал и украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој…

Прочитај Повеќе

Голем шумски пожар попладнево избувна на хрватскиот остров Хвар, меѓу Јагодна и Иван Долац. На терен интервенираат пожарникари од Хвар, Јелса и Стари Град, а од воздух помагаат четири канадери. Според првичните информации, огнот зафатил делови од неколку вили и предизвикал материјална штета, а изгореле и лозови насади. Од противпожарната команда предупредуваат дека најавеното засилување на ветерот може дополнително да го отежне гаснењето. И покрај сериозноста на ситуацијата, сите куќи засега се одбранети од огнената стихија. Пожарникарите продолжуваат со интензивни напори за целосно локализирање на пожарот.

Прочитај Повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски очекува до крајот на годинава или на почетокот на следната да биде поставен камен-темелникот за проектот „Брза пруга“ на Коридорот 10. Тој изјави дека физибилити-студијата е целосно завршена и во моментов е во фаза на ревизија. Според Мицкоски, во текот на летото ќе се работи на договорот со заемодавателот и ќе се води компетитивен дијалог со потенцијалните изведувачи. Тој нагласи дека не очекува никакви пречки во реализацијата на проектот поради промените во британската влада. Премиерот истакна дека Велика Британија е сериозна држава во која институционалниот континуитет не зависи од политичките промени.

Прочитај Повеќе

Цените на нафтата на светските берзи веќе подолг период се во пад, а тоа се одразува и врз пониските цени на горивата во Македонија. Но, ако ги прашате граѓаните, во маркетите како да не слушнале дека енергенсите поевтинија. Производите што поскапеа кога горивата беа скапи, и понатаму остануваат со истите високи цени. Изгледа дека кај трговците правилото е едноставно – кога горивото поскапува, цените веднаш одат нагоре, а кога поевтинува, сите одеднаш забораваат дека трошоците им се намалиле. Токму затоа е добро што Владата најавува поцврста контрола и дисциплинирање на пазарот. Премиерот Христијан Мицкоски порача дека нема да се дозволи…

Прочитај Повеќе

Украина во текот на ноќта изврши напади врз неколку трафостаници на окупираниот Крим, по што голем дел од полуостровот остана без електрична енергија. Според украински и руски извори, цел на нападите биле трафостаниците кај Бахчисарај и Зимино. Украинската страна наведува дека енергетската инфраструктура што ја користи руската војска претставува легитимна воена цел. Нападите се дел од поширока операција насочена кон слабеење на руските воени капацитети на окупираните територии. Претходно, украинската Служба за безбедност соопшти дека во напад врз воздухопловната база Саки биле оштетени или уништени најмалку седум руски воени авиони. Командантот на украинските сили за беспилотни системи изјави дека во…

Прочитај Повеќе

Илјадници ожалостени Иранци денеска се собраа во молитвениот комплекс „Имам Хомеини“ во Техеран на почетокот од повеќедневните погребни церемонии за поранешниот врховен лидер Али Хамнеи. Церемонијата започна со интонирање на националната химна, верски говори и читање извадоци од Куранот. Хамнеи беше убиен во февруари во првиот голем воздушен напад за време на војната меѓу Иран, Израел и САД, со што заврши неговото 37-годишно владеење. Британските медиуми оценуваат дека со масовните церемонии иранските власти се обидуваат да демонстрираат единство и лојалност кон Исламската Република. Ковчегот на Хамнеи, покриен со иранското знаме и неговиот црн турбан, беше поставен заедно со ковчезите на…

Прочитај Повеќе