Попладнево избувна голем пожар на подрачјето на Општина Штип, меѓу населбите Баби и Дузлак. Огнот зафатил борова шума над филтер-станицата, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. На терен интервенира Територијалната противпожарна единица од Штип со сите расположливи капацитети. Во гаснењето ќе се вклучат и неколку доброволни противпожарни друштва како поддршка на штипските пожарникари. Засега не се соопштени информации за причините за избувнувањето на пожарот. Надлежните служби преземаат интензивни мерки за ставање на огнената стихија под контрола.
Автор: Никола Тасев
Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски денеска во присуство на премиерот Христијан Мицкоски и министерката за образование и наука, Весна Јаневска постави камен темелник на првиот базен во ООУ „Ацо Шопов“. „Овој објект ќе биде симбол на она што претставува здрав живот за нашите деца. Од моментот кога станав градоначалник на општина Бутел ветив дека грижата за нашите деца ќе биде мојот фокус. Овој базен, чија изградба ќе биде завршена за 18 месеци, ќе биде модерен објект, изграден по сите стандарди и ќе им служи пред сѐ на учениците, спортистите но и на сите граѓани“, истакна Костовски, додавајќи дека пливањето…
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека, покрај електронското гласање, дијаспората би можела да гласа и по пошта, по примерот на многу европски и светски држави. Тој нагласи дека Владата е подготвена да прифати секое решение предложено од СДСМ и Левица, доколку се обезбеди правото на дијаспората да учествува на изборите. Според Мицкоски, целта е да се овозможи поголем одзив на иселениците, кои, како што рече, имаат значаен придонес за државата преку дознаките што ги испраќаат. Од СДСМ реагираа дека ВМРО-ДПМНЕ се обидува да протурка решение кое отвора простор за изборни злоупотреби и манипулации. Опозициската партија порача дека нема да поддржи измени…
Тимот за интервентна кардиологија при ГОБ „8ми Септември” воведе нова, иновативна метода – „CoroFlow” – софтверски медицински систем за прецизна проценка и детектирање дисфункција во микроциркулацијата на срцевиот мускул, информира Министерството за здравство. Во објавата на Фејсбук се наведува дека оваа метода овозможува попрецизна проценка на состојбата на коронарната микроциркулација, што придонесува за подобра дијагностика и третман на пациентите со срцеви заболувања кај кои класичните испитувања не секогаш ги откриваат причините за симптомите. -Ова е значаен чекор кон модернизација на кардиолошката дијагностика во нашата земја и уште еден показател дека нашите здравствени установи чекорат во чекор со најсовремените светски трендови…
Протестите во Албанија, кои започнаа поради најавената изградба на луксузен туристички комплекс во заштитената лагуна Нарта, прераснаа во масовно антивладино движење. Демонстрантите пред владината зграда во Тирана бараат оставка од премиерот Еди Рама и подобри услови за живот, образование и вработување. Повод за протестите е проектот вреден милијарди евра, зад кој стои група инвеститори, меѓу кои и Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Доналд Трамп. Еколошките организации предупредуваат дека проектот сериозно ќе го загрози живеалиштето на фламингата, кои станаа симбол на протестите. Незадоволството дополнително се зголеми по објавувањето снимка на која приватно обезбедување тепа демонстрант. Дел од граѓаните сметаат дека…
Апелациониот суд Скопје ја одби жалбата на Стојанче Јовановски и ја потврди првостепената пресуда со која е осуден на 12 години затвор. Од Судот соопштија дека жалбата е оценета како неоснована, а пресудата на Основниот кривичен суд останува во сила. Јовановски беше прогласен за виновен за телесна повреда, загрозување на сигурноста и наведување и помагање во самоубиство. Според пресудата, тој со години вршел континуирано семејно насилство врз својата сопруга Ивана Јовановска. Судот утврди дека на 2 март годинава обвинетиот физички ја нападнал и сериозно ѝ се заканувал, предизвикувајќи чувство на страв и безизлезност. Како последица на долгогодишното насилство, Ивана Јовановска…
На претстојниот самит на НАТО во Анкара, сојузниците се очекува да одобрат нов пакет воена помош за Украина во вредност од 140 милијарди евра. Планот предвидува во следните две години годишно да се издвојуваат по 70 милијарди евра за вооружување и обука на украинските сили. Дел од средствата, односно 60 милијарди евра, ќе бидат обезбедени преку заем на Европската Унија за 2026 и 2027 година. Останатите 40 милијарди евра годишно ќе треба да ги обезбедат земјите членки на НАТО од своите национални буџети. Најголемиот дел од финансирањето ќе го преземат европските сојузници и Канада, по намалувањето на американската помош под…
Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски заедно со градоначалникот на Карпош Сотир Лукровски, извршија увид во работните активности за изградба, односно замена на старата и дотраена водоводна мрежа во Нерези, општина Карпош по што ќе следи и асфалтирање на улицата. Станува збор за проблем кој со години го чувствуваа жителите од овој дел на Скопје – слаб притисок на вода, чести дефекти и инфраструктура која одамна го надминала својот век на употреба, па по неколку децении, жителите на Нерези конечно ќе добијат сигурна, модерна и квалитетна водоводна мрежа, чиста вода за пиење и нормален притисок во нивните домови, изјави Ѓорѓиевски.
Во касарната „Илинден” во Скопје во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, амбасадорот на Европската Унија Михалис Рокас и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски беше презентиран дел од новата опрема што Армијата ја доби преку Европскиот мировен фонд, со финансиска поддршка од Европската Унија во вредност од над 40 милиони евра. Испораката е поделена во три фази, при што во земјава веќе се пристигнати првиот пакет и дел од вториот. Меѓу набавената опрема се радари, термални камери, транспортни возила, симулатори, 3Д-радар и преносни сензори, додека во последната фаза се очекува испорака на логистичка, комуникациска и…
Опозициската СДСМ смета дека понудените измени во Изборниот законик за електронско гласање на дијаспората се „нов изборен грабеж со злоупотреба на 200.000 гласа” бѝдејќи, потсетуваат, дијаспората и сега гласа, а измените што ги предлага ВМРО-ДПМНЕ се за 2029 година. „Целта на Мицкоски е изборен грабеж и злоупотреба на 200.000 гласа затоа што поддршката од граѓаните му падна и сака изгубените гласови во Македонија да ги надомести преку злоупотреба со „електронско гласање” од надвор“, нагласува СДСМ. Левица нагласува дека нивното барање било една изборна единица и укинување на парите за рекламирање, но владејачката партија не ги прифатила. „Обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ за…