„Убаво е Скопје навечер!“ Ова синоќа на Фејсбук го напиша градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објавувајќи слика од мостот што води кон Театарот.
„Уште еден прекрасен мост светна и ќе мами погледи, претворајќи се во уште едно препознатливо светло обележје на нашиот град. Мал детал што носи голема разлика и уште една причина да се гордееме со убавината на Скопје”, напиша Ѓорѓиевски и во коментар додаде дека објектите што беа поставени на мостот од времето на Шилегов наскоро ќе се отстранат.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
