Владејачката ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение порача дека нема да дозволи, омразата и песимизмот да станат национална идеологија. Од партијата ја обвинија опозицијата дека наместо со идеи и програми, шири дефетизам, лаги и политичка нестабилност.
Според ВМРО-ДПМНЕ, целта е Македонија да стане економски посилна, праведна и држава во која младите ќе ја гледаат својата иднина. Во соопштението се наведува дека партијата нема да се откаже од заштитата на националните интереси и идентитетските прашања на евроинтегративниот пат. Од владејачката партија тврдат дека постојат политички структури кои се подготвени на нови отстапки за да дојдат на власт.
ВМРО-ДПМНЕ ги повика граѓаните да не подлегнуваат на, како што велат, пораки што шират песимизам и недоверба во институциите. Во партијата нагласуваат дека ќе продолжат да работат за, како што наведуваат, стабилна, обединета и достоинствена Македонија.
