Комитетот за светско наследство на УНЕСКО денеска треба да ја донесе конечната одлука за статусот на Охридскиот Регион. Одлуката ќе се темели на извештајот за исполнувањето на препораките поврзани со дивоградбите, колекторскиот систем, урбанистичкото планирање и заштитата на Студенчишкото Блато. Комитетот ќе одлучи дали Охрид ќе го задржи сегашниот статус или ќе биде ставен на Листата на светско наследство во опасност. Македонија и Албанија до 1 февруари годинава доставија извештаи до УНЕСКО за преземените мерки за заштита на регионот. Минатата година УНЕСКО го одложи впишувањето на Охрид на листата во опасност и им даде дополнителен рок на двете земји да…
Автор: Никола Тасев
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност, а максималната температура ќе достигне до 37 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во попладневните и вечерните часови на повеќе места се очекува локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Во Скопје ќе биде сончево и многу топло, а попладне во делови од котлината се можни краткотрајни врнежи, грмежи и засилен ветер. До петок времето ќе остане променливо и нестабилно под влијание на влажни воздушни маси. Во петок се очекуваат пообилни врнежи од дожд, а локално…
Силно невреме проследено со пороен дожд и силен ветер синоќа зафати повеќе општини во Македонија, предизвикувајќи материјални штети и проблеми во сообраќајот. Најпогодени беа Ново Село, Струмица, Радовиш, Делчево и Куманово, каде беа урнати дрвја, бандери и оштетени електрични водови. Во Општина Ново Село локалните власти апелираа на особено внимателно возење, бидејќи на повеќе патни правци има паднати дрвја и пречки на коловозите. Во Радовиш пожарникарите интервенираа за расчистување на улиците, а изгаснаа и пожар на објект во селото Подареш, предизвикан од искри од оштетени електрични жици. Во струмичкиот регион беа регистрирани пожари во штала во Висока Маала и на…
Претседателката на Република Индија, Друпади Мурму, синоќа пристигна во официјална посета на Македонија, а на скопскиот аеродром ја пречека министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски. Тој изјави дека посетата треба да ги потврди одличните билатерални односи и да даде нов поттик за политичката и економската соработка меѓу двете земји. За време на посетата ќе се одржат средби со државниот врв, пленарен состанок на двете делегации и заедничка прес-конференција. Индиската претседателка ќе положи венец на гробот на Гоце Делчев, ќе се обрати во Собранието и ќе присуствува на македонско-индиски бизнис форум. Вториот ден од посетата е предвидена посета на Спомен-куќата на…
Основното јавно обвинителство Гостивар отвори истражна постапка против три лица поради сомнение за тешки дела против животната средина и загадување на водата за пиење, по случајот со масовното труење во Гостивар. Осомничени Артана Асани в.д. директорка на ЈП „Комуналец“ – Гостивар, Леон Нуредини, раководител на Сектор за технички работи, и раководителот на Одделението за водовод, канализација и градежни работи Вадедин Дервиши, кои, според Обвинителството, наредиле поставување потопни пумпи во канал со загадена вода во близина на комората за вода за пиење. Според истрагата, поради тоа дошло до мешање на загадена вода со водата од водоснабдителниот систем, што ја направило небезбедна…
Во повеќе делови на Иран рано утринава беа пријавени експлозии по новиот бран американски воздушни напади врз воени цели. Според иранските медиуми, експлозии се слушнале во Конарек, Чабахар, во близина на Шираз, како и околу островот Кешм и градот Бандар Абас. Американската Централна команда (CENTCOM) соопшти дека нападите започнале доцна синоќа и дека нивна цел е дополнително да се ослабат иранските воени капацитети кои, според Вашингтон, се користат за напади врз трговски бродови во Ормускиот Теснец. Ова е десетта последователна ноќ на американски напади врз Иран по нападите што Техеран ги изврши врз земји во кои се распоредени американски воени…
Политичката пресметка околу случајот со загадената вода во Гостивар продолжува и по епидемијата на гастроентеритис во која речиси две илјади граѓани побараа лекарска помош. ВМРО-ДПМНЕ ја прозва локалната власт во Гостивар, предводена од коалицијата на СДСМ, ДУИ и Арбен Таравари, да преземе одговорност за случајот. Од партијата прашуваат зошто реакцијата на локалните служби доцнела и бараат целосно расветлување на случајот и утврдување одговорност. Во соопштението ВМРО-ДПМНЕ оценува дека граѓаните останале без навремена заштита, иако, како што наведуваат, биле дадени ветувања за подобри услови за живот. СДСМ, пак, обвини дека епидемијата не избувнала ненадејно, туку дека со денови постоеле предупредувачки сигнали…
Иако водата во Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро во најголем дел е безбедна за капење, најновиот извештај на Институтот за јавно здравје открива дека старите проблеми со загадувањето и понатаму не се решени. Најкритична останува состојбата во Охридското Езеро, каде што како потенцијални загадувачи се наведуваат фекалните води, септичките јами, неисправната канализација и отпадните води од туристичките и угостителските објекти. Според извештајот, голем број хотели, ресторани, туристички населби и приватни куќи сè уште не се приклучени на колекторскиот систем, поради што дел од отпадните води завршуваат во септички јами, а на одредени места и директно во езерото. Особено загрижува состојбата…
На денешен ден во 1969 година, мисијата „Аполо 11“ испиша историја кога првите луѓе успешно слетаа на Месечината, крунисувајќи ја вселенската трка меѓу САД и Советскиот Сојуз. Астронаутите Нил Армстронг, Баз Олдрин и Мајкл Колинс тргнаа кон Месечината на 16 јули, а по четиридневно патување стигнаа до својата цел. По влегувањето во месечевата орбита, Армстронг и Олдрин со модулот „Игл“ се спуштија на површината, додека Колинс остана во орбитата. Неколку часа по слетувањето, Нил Армстронг стана првиот човек што зачекори на Месечината и ја изговори легендарната реченица: „Ова е мал чекор за човекот, но голем чекор за човештвото.“ Армстронг и…
„Владата, во врска со состојбата со водоснабдувањето во Гостивар, од првиот момент е во постојана координација со сите надлежни институции и внимателно го следи развојот на настаните. Покрај институционалниот одговор, постапувањето на надлежните органи и спроведувањето на сите неопходни контроли и анализи, Владата донесе одлука од денеска и во наредните неколку дена интервентно да обезбеди по 50.000 литри дневно бесплатна вода за пиење за граѓаните на Гостивар, со цел да се обезбедат основните потреби на населението додека траат мерките и препораките на надлежните институции, брифираат од Владата. Според планот, дистрибуцијата на водата ќе се реализира прелу Службата за општи и…