Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Home » Tајфунот „Дeлфин“ евакуира над еден милион жители на Кина
    Свет

    Tајфунот „Дeлфин“ евакуира над еден милион жители на Кина

    10/08/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Повеќе од еден милион жители се евакуирани од источниот дел на Кина, откако тајфунот „Дeлфин“ пристигна на копното и предизвика големи нарушувања во сообраќајот и секојдневниот живот. Најсилно беа погодени провинцијата Жеџијанг и подрачјето на Шангај, каде што беа откажани околу 1.400 летови.

    Тајфунот прво удри во градот Јухуан со ветрови до 150 километри на час, а потоа продолжи кон Венџоу, пред постепено да ослабне во тропска бура. Кинеските власти и натаму предупредуваат на обилни врнежи, опасност од поплави и свлечишта, кои се очекува да траат до средината на неделата. Во некои делови од Жеџијанг се прогнозираат и до 500 милиметри дожд за неколку дена. Во Венџоу се евакуирани околу 900.000 жители, додека во Тајџоу своите домови ги напуштиле уште 390.000 луѓе. Затворени се туристички атракции, делови од Дизниленд и Леголенд во Шангај, а прекинат е и траектниот сообраќај во повеќе крајбрежни области.

    Кинеските медиуми објавија дека деветгодишно момче се води како исчезнато откако било однесено од морските бранови, но засега нема информации за загинати во Кина. Тајфунот претходно помина низ Филипините, Тајван и јапонската Окинава, каде што предизвика човечки жртви и материјална штета. На Филипините загинаа осум лица, а повеќе од 7.000 жители се сместени во евакуациски центри.

    Кинеските власти, во меѓувреме, привеле две лица поради ширење лажни видеоснимки поврзани со тајфунот, создадени или изменети со помош на вештачка интелигенција.

    Поврзани вести:

    Западна Европа ги имаше најтоплите јуни и јули во историјата на мерењата

    Западна Европа ги имаше најтоплите јуни и јули во историјата на мерењата

    Острането украинското знаме во Приштина по изјавата на Зеленски за Косово

    Острането украинското знаме во Приштина по изјавата на Зеленски за Косово

    Истрагата открива нови детали за масакрот во училиштето во Тајланд, најавени нови безбедносни мерки

    Истрагата открива нови детали за масакрот во училиштето во Тајланд, најавени нови безбедносни мерки

    Од Пентагон алармираат за недостиг на оружје, Трамп вели дека има доволно резерви

    Од Пентагон алармираат за недостиг на оружје, Трамп вели дека има доволно резерви

    Поранешниот унгарски министер Сијарто под истрага по пријава за поткуп

    Поранешниот унгарски министер Сијарто под истрага по пријава за поткуп

    Албанија воведе построги сообраќајни казни: Трајно одземање на возачка за повторно возење под дејство на алкохол

    Албанија воведе построги сообраќајни казни: Трајно одземање на возачка за повторно возење под дејство на алкохол

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Post Views: 15
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Западна Европа ги имаше најтоплите јуни и јули во историјата на мерењата

    10/08/2026

    Острането украинското знаме во Приштина по изјавата на Зеленски за Косово

    10/08/2026

    Истрагата открива нови детали за масакрот во училиштето во Тајланд, најавени нови безбедносни мерки

    10/08/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.