Се читаат ли доволно книги во Македонија? Има ли населението навики за тоа? Во книгите се скриени сите одговори, во нивните редови има кажувања и за непоставените прашања. Книгите го објаснуваат овој свет, а отвораат и нови, книгите се слободата на човекот… Инаку, Цицерон многу одамна рекол: „Ако имате градина и библиотека, имате сè што ви е потребно“. Имаме ли дома книги? Оние што имаат, ги отвораат често или само ги забришуваат од прашина оти им користат како декор? Некои анкети правени пред неколку години во Македонија покажаа загрижувачка состојба со која, на пример, една четвртина од населението не прочитало…
Автор: Никола Тасев
Последните два пациента кои се лекуваа во Универзитетскиот клинички центар во Белград од повредите во пожарот во дискотеката во Кочани денеска беа отпуштени. Се работи за Ангела Бошковска (24) и за Андреј Георгиев (23) кои попладнево ја напуштија Клиниката за пластична и реконструктивна реконструкција, јави дописникот на МИА од Белград. Третманот на нивните повреди ќе продолжи во нашата држава. Ангела и Андреј изразија бескрајна благодарност до лекарите во УКЦС за нивната грижа и пожртвуваност при нивното лекување. Во име на официјално Скопје, благодарност до лекарскиот персонал во УКЦС изрази македонскиот амбасадор Никола Тупанчевски. Милан Стојичиќ, директор на Клиниката за пластична…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе мерки на засилен надзор на болеста чума кај малите преживари, особено во регионот на Западна Македонија, со цел спречување на внесување и ширење на болеста од соседна Албанија во земјава. Од АХВ посочуваат дека е засилена контролата на движењето и транспортот на животни од видовите овци и кози по добиеното известување вчера вечер преку европскиот систем за пријава на болести (ADIS) на Светската организација за здравствена заштита на животните – WOAH, дека во Република Албанија во областа Дебар, во место Кастриот, на фарма со 200 кози има појава на ново жариште на болеста,…
Спортската сала на Работнички во “Градски парк“ ќе го носи името на легендарниот Лазар Лечиќ. Ова денеска го кажа градоначалникот на Општина Центар, кој имал средба со поранешни кошаркари на Работнички и токму нив им го пренел овој негов предлог. Секако и со право ако се знае што Лазо значеше за мак-кошарката, најмногу за Работнички кој под негово водство се издигна во најдобар македонски клуб во времето на екс – СФРЈ како и еден од најдобрите во некогашната земја, секако и сеуште најтрофеен во Македонија. Инаку Лечиќ почина минатата година на 85 години. -Во „Апче“, во срцето на Дебар Маало…
Македонија – Белгија 1:1. Штета, нашите фудбалери можат да жали што не ги освоија трите бода против големиот фаворит во натпреварот од квалификациите за Светското првенство 2026. Македонија одлично го почна мечот, два пати ја погоди стативата, а потоа стигна и бруталната казна. Де Кујпер среќно успева да ја смести топката во мрежата и да ги донесе Белгијците во водство. На стартот од вториот дел, Македонија успеа да израмни. Елмас погоди за 1-1, но радоста се претвори во тага, откако ВАР го поништи голот. Илиевски бил во офсајд. ВАР и вторпат одигра против нас, кога не „досуди“ пенал, по прекршокот…
При инспекциските надзори не се констатирани недостатоци од надлежност на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), во врска со починатото тригодишно дете од Кавадарци, информираа денеска од ДСЗИ. –Имајќи во предвид дека Државниот санитарен и здравствен инспекторат нема надлежности во стручниот дел на работата на здравствените работници, ДСЗИ согласно член 296 од Законот за здравствена заштита, ќе поднесе иницијатива до министерот за здравство, за формирање на комисија за стручен надзор, велат од ДСЗИ. Притоа појаснија дека по објавена информација за починато тригодишно дете од Кавадарци, Државниот санитарен и здравствен инспекторат вчера извршил вонредни инспекциски надзори во три здравствени установи, со…